Transparency International жали за ненадејната смрт на основачот Џереми Поуп
30.08.2012 Transparency International е длабоко растажена од веста за ненадејната смрт на Џереми Поуп, еден од основачите и стратешки мислител кој на многу начини го симболизираше ентузијазмот и посветеноста на нашето движење во борбата против корупцијата.“Заминувањето на Џереми Поуп претставува тажен момент за нас во Transparency International. Многу години, Џереми Поуп играше клучна улога во градењето на интелектуалната сила која беше поткрепа за подигање на свеста толку потребна за Transparency International. Тој беше носител на креирањето на многу столбови врз кои денес е поставена Transparency International” изјави претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел.




