Економски Магазин на АЛСАТ-М
17.11.2013 Економски Магазин на АЛСАТ-М
17.11.2013 Економски Магазин на АЛСАТ-М
Волонтерскиот ангажман е предвиден во период од 3 месеци, при што рокот на пријавување е до 30 ноември 2013. Сите заитересирали лица кои сакаат да аплицираат на повикот за волонтирање потребно е да испратат биографија и мотивационо писмо на следнава маил адреса: job@transparency.org.mk
Ви благодариме за вашиот интерес и желба да волонтирате во Транспаренси Интернешнл-Македонија.
14.11.2013 Зружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 11.01.2013 година се обрати до Собранието на Република Македонија со Барање за пристап до информации од јавен карактер во однос на следните информации:
1. Дали условите зададени во Законот за спречување на корупцијата ги исполнува членот на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата госпоѓа Љубинка Корабовска;
2. Кои докази се приложени како потврда за исполентост на законските предвидените услови за госпоѓата Љубинка Корабовска да може да биде именувана за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата;
3. Бараме копија од приложените докази за исполентост на законските предвидените услови при именувањето на госпоѓа Љубинка Корабовска за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата.
03.11.2013 Интервју со Амбасадорот Н.Е. Marriet Schuurman на Радио Слободна Европа: за ЕУ прогрес извештај за Македонија, состојбата со владеењето на правото, медиумската слобода …..
31.10.2013 За улогата и функцијата на Антикорупциска комисија зборуваат поранешни членови на ова тело, Драган Малиновски и Воислав Зафировски.
30.10.2013 Недостатокот на транспарентност и отчетност на политичките партии за нивното финансирање претставува предмет на загриженост, се наведува во најновиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Во него стои дека спроведувањето на правната рамка за финансирање на политичките партии и понатаму има недостатоци.
„И покрај измените во законодавството, преземени се ограничени активности во однос на мерките за информирање на политичките партии за нивните обврски за известување, а потребен е и систем за порационален и проактивен надзор и изрекување санкции. ОБСЕ/ОДИХР извести за зголемен број обвинувања за злоупотреба на државни ресурси за време на Локалните избори во 2013 година, а неуспехот на релевантните институции да ги негираат истите предизвика сериозна загриженост“, стои во извештајот.
27.10.2013 За оценката на ЕК за состојбите во судскиот систем, независноста, селективноста и корупцијата дебатираат поранешната судијка во Европскиот суд во Стразбург, Маргарита Цаца Николовска и адвокатот Филип Медарски.