Корупција ги уништува деловните односи и го намалува економскиот раст
02.06.2010 Поради огромните економски штети кои ги предизвикува корупцијата, експертите советуваат подигање на свеста кај компаниите за штетите од корупција, но и искористување на новата генерација иновативни алатки за зајакнување на регулаторните капацитети на институциите.
Назадуваат активностите за подигање на свеста на бизнис-секторот за потребата од справување со корупцијата. Нивото на деловната култура кај македонските компании се уште е ниско и се јавува како ограничувачки фактор кој го спречува напредокот за посилен корпоративен интегритет. Бизнисот треба да сфати ризиците од корупцијата почнуваат со најмалиот поткуп и понатаму се шират со застрашувачка брзина. Корупцијата е глобален феномен кој што му штети на бизнисот и со него треба да се справуваат сите, од најмалите трговци до мултинационалните корпорации, беа главните препораки од конференција “Корпоративни бизнис принципи и предизвиците на глобалната корупција“, во организација на Транспарентност – нулта корупција (ТНК).


31.05.2010 Корупцијата е ендемска во судските системи на југоисточните европски земји, сметаат граѓаните на овие држави. Наспроти нив, се чини дека најголемиот број професионалци се уверени оти лошата репутација на судството е незаслужена, заклучува анкетата спроведена помеѓу судиите, јавните обвинители и полицијата во регионот.
23.05.2010 Образованието во Македонија, доби средна оценка од 2,98, а речиси 60 отсто од граѓаните сметат дека тоа е корумпирано.

