Слаѓана Тасева избрана во Бирото на ГРЕКО

greco.jpg

10.12.2011 Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија, вчера беше избрана за член на бирото на ГРЕКО, меѓународната организација за борба против корупцијата основана од Советот на Европа.

Со тајно гласање со мнозинство гласови од присутните 49 членови на делегации, за нов претседател на ГРЕКО беше избран Марин Мрчела од Хрватска. Тасева беше избрана за членка на Бирото, заедно со уште четворица претставници од Албанија, Чешка, Русија и од Швајцарија.

Покрај членството во Меѓународната антикорупциска академија во Австрија, за Тасева ова е втор избор во највисоките тела на најпознатите меѓународни антикорупциски организации. ГРЕКО е основана во 1999 година од Советот на Европа, со цел подобрување на борбата против корупција и нејзни усогласување со меѓународни стандарди. 

 

 

Прочитај повеќе

ТИ-М и ЦИР го презентирааа проектот “Пријави корупција”

 

pres10122011.jpg.jpg

10.12.2011 Пријави Корупција е заеднички проект на организацијата Transparency International – Macedonia (Транспаренси Интернешнл – Македонија) и Center for International Relations (Центар за меѓународни односи) кој ќе им овозможи на граѓаните да ги пријават случаите на корупција бесплатно преку СМС мрежата на ONE, преку е-пошта, со пополнување на веб апликација, пријавување по телефон, facebook, преку twitter користејќи го #korupcijaMK.
Нашата веб страна, Prijavikorupcija.org, им овозможува на корисниците да ги прегледаат доставените пријави на сајтот, категоризирани по тип на корупција, но и самите да пријават случај. Prijavikorupcija.org е изработена со Ushahidi, алатка развиена за демократизација на информации, зголемување на транспарентноста и намалување на бариерите за физички лица кои сакаат да ги споделат своите приказни.
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

09.12.2011 По повод “Светскиот ден за борба против корупцијата 9ти декември“ Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија ) на 10 декември 2011 г. (сабота) со почеток во 12:00 часот во хотелот Стоун Бриџ ќе одржи прес конференција, на која ќе биде презентирана новата алатка и проект “Пријави Корупција“ која оваа организација започна да ја имплементира…

Прочитај повеќе

Од корупцијата на факултетите ќаруваат и студентите

 

mof_logo.jpg

06.12.2011 Само шест проценти од испитаните студенти на универзитетот Свети Кирил и Методиј сметаат дека поткупот како облик на корупција го нема на нивните факултети. Овој податок до кој дошле Младинскиот образовен форум и Антикорупциската мрежа на Југоисточна Европа е заклучок од нивното најново истражување на тема потткуп во високообразовните институции.
Резултатите, меѓудругото, покажале дека една третина од испитаните студенти морале да имаат копија од книга на професорот за да положат испит кај него, но и дека 60 проценти од нив немаат проблем со тоа. Ова велат од Форумот, ни дава основа да се сомневаме дека корупцијата е се повеќе присутна на факултетите.
Прочитај повеќе

2011 – Криза во владеењето

  cpi_2011.jpgПротестите што ја одбележаа 2011 покажуваат љутина кон корупцијата во политиката и јавниот сектор

 

01.12.2011 (Берлин) Корупцијата продолжува да заразува премногу земји низ светот, според Индексот на перцепција на корупцијата за 2011 година на Transparency International, објавен денес. Овој Индекс покажува како владите не успеаа да ги заштитат граѓаните од корупција, било тоа да е злоупотреба на јавни средства, поткуп или донесување таинствени одлуки.
Transparency International предупреди дека протестите низ целиот свет, често поткрепени со корупција и економска нестабилност, јасно покажуваат дека граѓаните имаат негативно мислење за нивните лидери и државни институции, тие не се ниту транспарентни ниту доволно одговорни.
 

  pdf prezentacija_cpi_2011 1.03 Mb

 
 
 
 
 

 

Прочитај повеќе

Покана до медиумите

30.11.2011 Невладината организација "Транспаренси Интернешнл – Македонија" на ден 01.12.2011 (четврток) ќе одржи прес- конференција во НВО Инфо Центар (ул. Никола Тримпаре бр. 18-1/5), со почеток во 11 часот. На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2011 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата…

Прочитај повеќе

Непотизам тука и секаде

vaga-mkd.jpg 28.11.2011 За да го зачува угледот на адвокатурата, првото правило е адвокатот да ги прима странките во канцеларија, бидејќи е недостојно работата да ја извршува по судските ходници или угостителските објекти.
 На адвокатите им е забрането да истакнуваат дека се во пријателски или роднински односи со судија или со вработен во судот. Додека работи, на адвокатот му е забрането да ги истакнува роднинските врски, пријателствата и познанствата со функционери и членови на политички партии и да ги користи во своја или во полза на клиентот што го брани во судот.
Ваквите правила не се необични во европските земји и во САД, каде што се почитуваат речиси целосно. Вакви или слични правила постојат и во етичкиот кодекс на домашните адвокати, но неретко никој не ги почитува.
 
 
Прочитај повеќе

ТИ повикува за ефективен надзор врз финансирањето на политичките партии во Западен Балкан

crinis_y1.jpg

 24.11.2011 ( Загреб/Берлин) Според извештајот на Transparency International објавен денес: на финансирањето на политичките партии во пет држави од Југоисточна Европа му недостасуваат цврсти мерки за транспарентност и санкции за оние кои ги одбегнуваат.

Извештајот ги повикува Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија да обезбедат дека:
–    извештаите за приходите и трошоците на политичките партии се точни;
–    се верификувани преку систем на надзор кој може да му се верува; и
–    недостатокот на согласност со легислативата за финансирање на партиите е санкциониран соодветно.
Извештајот ги повикува телата за надзор да ги зголемат нивните напори за да ја спроведат новата и подобрена регулатива за финансирање.
 

  pdf shining_a_light_on_political_party_financing_eng 1.94 Mb

 

 

Прочитај повеќе

Јавното Обвинителство се произнесе по Иницијативата на ТИ–Македонија

jorm.jpg
22.11.2011 Јавното Обвинителство се произнесе по Иницијативата на ТИ – Македонија за поведување постапка за утврдување на кривична одговорност за лицето Зоран Ставрески од Скопје, вработен во Владата на Република Македонија како Министер за финансии.
На 14.11 2011 година скопското ОЈО се произнесе по Иницијативата, и ја извести ТИ – Македонија дека: НЕ СЕ ПРЕЗЕМА кривично гонење во врска со иницијативата бр.0302/893 од 12.10.2011 година за кривично дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.
 
 
 
Прочитај повеќе

Периодична публикација на Transparency International-Macedonia “АУДЕО бр.2”

 

audeo.jpg

17.11.2011 Пред Вас е вториот број на нашата периодична публикација “АУДЕО“. Содржината, помеѓу другото, ги опфаќа и случаите: „Објавени списоци“ и „Апсење на Љубе Бошковски“, но и такви кои се однесуваат на „обичниот“ човек како „Напушти го својот стан“. Во овој број ќе ја најдете и анализата за проектот „Скопје 2014“ како и конечниот исход по Иницијативата на ТИ-М пред Уставниот Суд на Република Македонија во врска со финансирањето на политичките партии.
    Публикацијата останува во електронски формат, и понатаму лесно достапна за секој.
    Transparency International-Macedonia ги охрабрува сите оние кои имаат, или сметаат дека имаат сознанија за корупција или со неа поврзани активности да и се спротивстават решително. Публикацијата и понатаму останува отворена за сите кои сакаат да се приклучат и да ги поддржат напорите за отстранување на ова зло.
 
 
 
Прочитај повеќе