Колку и како трошеле партиите?
26.10.2011 Државната комисија за спречување на корупција денеска расправа за извештајот за финансирање на партиите за време на изборниот процес. Од Аниткорупциска велат дека извештајот е обемен и содржи забелешки за повеќе партии и медиуми, но конкретните податоци за нерегуларностите ќе ги објават по одржувањето на седницата.
Првиот човек на Антикорупциска, Воислав Зафировски изјави дека ги зеле и банкарските изводи за финансирањето на партиите, бидејќи било неопходно да се вкрстат сите информации за да се извлечат клучните податоци и да се направи анализа со која ќе излезат пред Собранието.