Барометар на корупција за месец Март 2008 г.
11.04.2008 Тврдењата на група затвореници дека корупцијата раководи во затворот Идризово е најматен, а намалувањето на корупцијата во катастарот е најбистар настан во март. Ова е оценка на 17 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“. Најматен настан во март, според девет главни уредници е состојбата во казнено-поправната институција „Идризово“, каде што, според тврдењето на затворениците, со пари се може да се купи.

