Буџетот на ЕУ бара одговорност
15.04.2008 Бидејќи Европската Унија бара начини за подобрување како да го троши буџетот – моментално 129 билиони евра – Transparency International (TI) денес предложи дека институциите на ЕУ и земјите членки треба да ја зголемат својата транспарентност и одговорност.
“Моменталниот преглед на буџетот на Европската Унија обезбедува единствена можност за систематски надзор на сите аспекти на трошење на Европската Унија, вклучувајќи го и Структурниот Фонд“, истакна Jana Mittermaier, шеф на Бриселската Канцеларија на Transparency International. Како еден дел од препораките поднесени денес до ЕУ процесот за преглед на буџет, TI предлага дека секоја земја членка треба да има поголема одговорност за фондовите потрошени на својата територија, покрај другите решенија.

