Кампањите почнуваат со милиони евра
12.09,2009 Владините кампањи во 2007 година од 7,7 милиони евра, износ, што беше тајна за јавноста речиси две години е најматен настан за јануари во анкетата „Бистро – Матно“ со десет гласа.
Најбистро со 15 гласа е откривањето и казнувањето на државните службеници, кои злоупотребувајќи ја положбата не плаќале патарина.
Ова е оценката на 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.
09.02.2009 Нема успех со најголемите инвестициски проекти од енергетиката, кои со години се најавуваат како приоритетни за надминување на енергетската криза која и се заканува на Македонија. Само во последниве две години над седум тендери завршија со поништување или се претворија во процедури без крај и без конкретно објаснување зошто нема потпишани договори со потенцијалните инвеститори. Неколкупати поништени и одново објавени беа тендерите за ТЕЦ Неготино, за хидроцентралите "Чебрен", "Галиште", "Бошков мост", а неизвесни се и процедурите за комбинираната гасна електрана "Енергетика", како и за малите хидроцентрали.
22.01.2009 За домашните кампањи и за кампањата „Инвестирајте во Македонија“ Владата пред две години потрошила 7,7 милиони евра, утврдиле државните ревизори при контролата на работењето на тогашниот кабинет на премиерот Никола Груевски. За кампањите за подигањето на свеста на сите граѓани против корупцијата, за значењето на образованието, за македонски производи се потрошени 4,4 милиони евра, додека за таа за привлекувањето на странските инвеститори во земјава – 3,3 милиони евра.
За ревизорите трошењето државни пари за кампањи не било спорно, при што тие сами во извештајот нагласиле дека „ефектите од спроведените кампањи се очекуваат во наредниот период“. Нивна генерална оценка е дека Владата законски и наменски ги трошела државните пари.
18.01.2009 Насилството и неправилностите на јунските парламентарни избори е најматниот, а операцијата „Пепел“ против нелегалното производство на цигари е најбистриот настан во Македонија во 2008 година.
Ова е оценката на главните уредници на 18 национални електронски и печатени медиуми во Македонија, во годишната анкета за корупција и борбата против – „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Нулта корупција“ – Транспарентност.
Предвремените избори со епилог од еден загинат, десетици ранети и повредени во престрелки и тепачки, со 13 гласа на уредниците е избран за најматен настан во 2008.
14.01.2009 Македонија е 78-та на Индексот за економската слобода за 2009 година, објавен од Херитиџ фондацијата и Вол Стрит Журнал.
Ова преставува пад од седум позиции во споредба со листата од минатата година, кога Македонија го зазеде 81 место.
Просечната оценка на Македонија е 61,2 на скалата на која максималната оценка е 100, што претставува напредување од 0,2 поени во споредба со лани.
„Македонија доби надолна стрелка заради зголемениот прогон и насилство врз членови на политички партии за време на парламентарните избори во јуни, коишто домашните и меѓународните набљудувачи ги оценија како најлоши, откако земјата стана независна“.
Ова се наведува во извештајот, во делот за Македонија, на американската невладина организација „Фридом хаус“, во кој се оценети 193 земји во светот и генерално е констатирано „назадување и стагнација на слободата“.
11.12.2008 Вмешаноста на Македонската православна црква во аферата околу хипотеките за струшкиот хотел „Изгрев“ втор месец по ред е најматен настан во анкетата „Бистро – Матно“, со 11 гласа.
Во анкетата што ја спроведуваат Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“ учествуваа 15 главни уредници на национални медиуми.
Според нив, најбистар настани во декември со седум гласа се сертификатите за добро корпоративно управување во 2008 година.
Среќна Нова 2009 и Честит Божиќ Merry Christmas and a Happy New Year 2009 Gëzuar Vitin e Ri 2009 Sretan Božić i Nova godina 2009 С Рождеством Христовым и с новым годом 2009 Fröhliches Weihnachten und Gutes Neues Jahr 2009 Navidad Alegre y feliz año nuevo 2009 Noël Joyeux et bonne Année 2009…
29.12.2008 Дури 76 отсто од корисниците на услугите на основните судови сметаат дека тие работат ефикасно
И покрај тоа што ваквата перцепција е многу поразлична од општата слика за судството, раководителите на судските институции не кријат дека се задоволни од подобреното мислење на нивните корисници. Тие се свесни дека лошиот имиџ на судството е присутен со години и оти на сите анкети редовно се прикажува мала доверба во судството. Но, како што велат, и ова се некакви индикатори дека работите, сепак, се движат во добра насока.