Промовиран прирачник за корпоративно управување
13.11.2007 Подигнување на свеста кај македонските друштва за важноста на практиките на доброто корпоративно управување е целта на проектот на Македонска Берза, кој беше претставен денеска во Скопје.Носителот на проектот за оваа намена изработи „Прирачник за добро корпоративно управување на македонските акционерски друштва“, со поддршка на УСАИД, Меѓународната финансиска корпорација и швајцарската Влада. Прирачникот треба да биде користен како практична алатка од страна на раководствата на компаниите при планирањето и извршувањето на одлуките во секојдневното работење. |