ТИ сериозно загрижена во врска со обвинувањата за изборни нерегуларности во Кенија
07.01. 2008 Transparency International Кенија и глобалното движење Transparency International се длабоко загрижени од сериозните обвинувања за изборни нерегуларности на скорешните избори во Кенија, како и насилните немири кои ги предизвикаа. Прашањата за транспарентност и интегритет кои се наметнуваат над претседателските избори, всушност имаат потенцијал фатално да го поткопаат владеењето и борбата против корупција во Кенија.

