Направено многу во борбата против корупцијата, но не и за имплементација на антикорупциските закони
09.12.2008 Во Македонија е направено многу во однос на борбата против корупцијата. Донесени се добри закони и направени добри институции. Во оваа наредна фаза од борбата против корупцијата слабост ни е имплементацијата на законите.
Ова денеска на Светскиот ден за борба против корупцијата го изјави Слаѓана Тасева, претседателка на невладината „Транспарентност – Нулта Корупција“, која во соработка со У4 – Антикорупцискиот истражувачки центар од Норвешка организира работилница на тема „Градење на граѓанското општество за антикорупциски реформи во Македонија“.

