Договорот за продажба за ЕСМ утре достапен за јавноста
28.11..2007 Македонската влада денеска отворено изрази сомневање во договорот за купопродажба на ЕСМ, најавувајќи притоа можност од активирање на банкарската гаранција.
„Договорот за доверливост на информациите околу купопродажниот договор за ЕСМ, помеѓу македонската влада и австриски ЕВН истекнува утре, по што истиот веднаш ќе биде објавен на владината веб страна“, изјави портпаролот Ивица Боцевски.

