Истражување: Корупција во образованието има. Kако да се справиме со неа?
12.10.2012 Државната Комисија за спречување на корупцијата во соработка со ОБСЕ и Транспаренси Интернешнал Македонија спроведе истражување според кое образованието, особено високото е извор на корупција. Дури 56,2% од испитаниците сметаат дека корупцијата е распространета во високото образование 55,1% е распространетоста на корупцијата во земјава според граѓаните 56,2% или најмногу од испитаниците сметаат дека корупцијата е најзастапена на универзитетите.Многу распространета, ова е општото мислење за нивото на распространетост на корупцијата во Македонија. Истражувањето кое го спроведе ОБСЕ во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата и Транспаренси Интернешнал Македонија покажува дека перцепцијата за корупцијата во земјава е над европскиот просек и изнесува 55,1%. Понегативно мислење во однос на распространетоста на корупцијата имаат етничките Албанци од кои 75% сметаат дека таа е многу распространета, наспроти 47% од етничките Македонци.

