Трошоците за рекламните кампањи тајна

investmac.jpg22.10.2010 Македонската влада се уште во тајност ги чува податоците за тоа колку пари беа потрошени од буџетот за рекламната кампања Инвестирај во Македонија-новиот бизнис рај во Европа. Слоганот се појави во 50 водечки весници и списанија во 35 земји, а видео спотот беше промовиран на светските телевизиски куќи. Слаѓана Тасева од Транспарентност Нулта корупција вели дека според законот сумите кои ќе бидат издвоени од народната каса треба да бидат познати и објавени уште пред да бидат потрошени.
Во некои ценовници кои се валидни да речеме 30 секунден спот на CNN би чинело 5 илјади долари во некои термини кои што да кажеме не се толку атрактивни, па дури до 30 илјади долари во атрактивни термини.
,,Ниту тоа не е направено согласно сите закони и регулативата како што предвидува однапред да се знае колку ќе се потроши, да се види колку се потрошило ако било дадено повеќе или помалку и на кој начин и на крајот резултатите од тоа за да може да се планира за следната година."

 

 

 

Прочитај повеќе

Недоволен напредок во корупцијата

 22.10.2010 Корупцијата и понатаму е  многу раширена на просторот на Западниот Балкан. И покрај напредокот што го направиле одделни земји во сузбивање на оваа појава, пред се со воспоставување на адекватни институции и усвојување  антикоруптивни закони, се стекнува впечаток дека основна пречка е недостатокот на политичка волја  да им се овозможи на тие институции, непречена работа и  спроведување на законите во секојдневниот живот.
Ова беше заклучено на регионалната конференција „Улогата на невладините организации во борбата против корупцијата – искуства и перспективи “, што се одржа во Белград на 19 Октомври.
Слаѓана Тасева од Транспарентност нулта корупција истакна дека Србија и Македонија се приближно на исто ниво кога станува збор за индексот на перцепција на корупцијата,  и дека резултатите од истражувањето не се вистински одраз на состојбите со оглед на она што се случува во државата на планот на борбата против корупцијата.
„Критични сме и велиме дека сме подобро позиционирани во однос на вистинската состојба во државата“, рече Тасева и додаде дека резултатите не го одразуваат секојдневниот живот и состојбите со кои се соочуваат граѓаните.

 

 

Прочитај повеќе

Партиските сметки плетат корупциска мрежа

election2006.jpg

 
16.10.2010 Република Македонија ќе се заплетка во дебела корупциска мрежа ако во најскоро време не ги обврзе политичките партии јавно да објават на кој начин се финансираат и како ги трошат парите. Ова сериозно предупредување беше упатено на Регионалната конференција за борба против корупција што се одржа во Охрид.

Експертите потенцираа дека најтежок облик на корупција е онаа во која се заробени политичките партии. Ако партиите се корумпирани, корумпирана е и самата држава, со што се загрозува процесот на носење важни државни одлуки. Тие сметаат дека на Македонија и’ претстои голема опасност зашто партиите не ги почитуваат одредбите од Изборниот и од Законот за финансирањето на политичките партии.

 
 
Прочитај повеќе

Корупцијата ја разниша правната држава

 

udripari.jpg

15.11.2010 Борбата против корупцијата како интергративна спрега од домашните и меѓународните активности е тема на  регионалната конференција сто предпладнево почна во Охрид, во рамките на македонското претседателство, со комитетот на министри на Советот на Европа.

Конференцијата со седумдесетина учесници од 12 држави и министрите за правда од Македонија, Албанија, Хрватска и Црна Гора, треба да пвпзможи демонстрирање на резулаттите во борбата против корупцијата, со фокус на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид на криминал, меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства.

 

 

Прочитај повеќе

Судиите кои судат во неразумен рок ќе бидат разрешени

swordwage.jpg

 14.10.2010 Судиите кои судат во неразумен рок ќе бидат разрешени, а доколку се укинат повеќе од 20 проценти од пресудите или се изменат 30 отсто од пресудите донесени од страна на еден судија, тоа може да биде основа за поведување на дисциплинска постапка. За судии во основните судови ќе можат да се кандидираат лица кои ја завршиле Академијата за обука на судии и јавни обвинители, а унапредувањето во повисоките судови ќе биде само од пониските судови. Ова меѓу другото го предвидуваат измените на Законот за судови, кој од вчера е во собраниска процедура. 
 
Прочитај повеќе

Корупцијата во Македонија – голем проблем

 

ti_logo.jpg

12.10.2010 Нема подобрување во однос на степенот на корупција во Македонија е оценка на Транспаренси интернешнл, централата во Берлин. Корнелија Абел од оваа глоблана граѓанска организација која води битка против корупцијата во светот смета дека проблемот во Македонија заслужува поголемо внимание.  „Со оглед на информациите што ги имаме и проблемите што беа наведени во поглавјето за вашата земја дефинитивно можам да кажам дека корупцијата во Македонија е се’ уште голем проблем. Жалам што морам да речам дека не постои доволно политичка волја за справување со корупцијата. Актуелната влада има други приоритети. Начинот на кој ги троши парите, начинот на кој гледа на системот укажува дека е потребно прашањето на добро управување да биде ставено повисоко на листата на приоритети“, изјави за Дојче веле Корнелија Абел од Транспаренси интернешнел.
 
Прочитај повеќе

Оглас за работно место

Асистент на проект КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката

 

14.09.2010 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. КРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.

 

Прочитај повеќе

Слаѓана Тасева во советот на Интернационалната антикорупциска академија

 iaca-logo.jpg                                                                                 
02.09.2010 Професорката и претседателка на „Транспарентност нулта корупција“, Слаѓана Тасева, е избрана за член на Советодавниот академски комитет на новоформираната Интернационална антикорупциска академија со седиште во Австрија. Иако е информирана за основањето на Академијата, Македонија се’ уште не е потписник на договорот за нејзино основање.
Прочитај повеќе

Против корупцијата само на хартија

 greco.jpg31.08.2010 Хармонизирано законодавство и обемна законска регулатива ги детерминираат областите во однос на криминализација на корупцијата и финансирањето на политичките партии, но без ефективна имплементација. Ова го констатира Групата на држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа за третиот круг на евалуација за Македонија во извештајот објавен вчера.
 
Прочитај повеќе

Партиското финансирање, непознаница?

election2006.jpg 31.08.2010 Увидот во начинот на изворите на финансирање на политичките партии покажува дека има нерегуларнсоти во нивниот начин на работа. Непознатите извори од каде им доаѓаат парите, а и начините како ги добиваат сретствата допринесува и натаму корупцијата да вирее. Се сведуваме на тоа партиите да ги пријавуваат потрошените средства. Има исчекор и во подобрувањето на регулативата, но тоа не е
доволно. На ова укажува и претседателот на Државната комисија за спречување корупција Иљми Селами. Комисијата навреме реагира и постојано укажува дека законите треба да се менуваат во делот на прикажувањето на изворите, но таквите укажувања не беа навремено прифатени, вели Селами:
 
Прочитај повеќе