Институциите да поведат постапка за утврдување на одговорноста на Димитрис Контоминас

press_160222013.jpg 16.02.2013 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Предизборните кампањи се вносна бизнис зделка за партиите и фирмите

 panel_15022013_1.jpg
15.02.2013 Институциите не сакаат да разговараат за финансирањето на политичките партии во време на предизборие. Тоа се покажа на денешната панел дискусија на тема „Финансирање на изборната кампања пред локалните избори“ одржана од Транспаренси Интернешенел (ТИ), на која биле поканети претставници од институциите кои се надлежни за оваа област, но кои одбиле да учествуваат со образложение дека се премногу зафатени подготвувајќи се за претстојните локални избори. Слаѓана Тасева, претседател на ТИ, изјави дека овие институции повеќе пати до сега ја потврдиле својата затвореност кон невладините организации и јавноста со тоа што во континуитет одбивале соработка.

Покани биле испратени до Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, но и двете установи одбиле, со уредно образложение дека тоа е поради зголемен обем на активности.

– Овие установи како да заборавија дека имаат општествена одговорност и обврска правилно да ги информираат медиумите и граѓаните, да им се обратат на учесниците во изборниот процес и политичките партии за тоа кои се целите на нивните законски обврски. Нивна надлежност и обврска е да го следат финансирањето на политичките кампања, а од она што до сега го видовме во нивните извештаи, не сме задоволни. Но немаме можност да разговараме со нив и да прашаме зошто има пропусти, дали поради немање технички услови за работа или немање доволно желба за правилно работење – рече Тасева, отворајќи ја дебатата.

 
 
Прочитај повеќе

Партиските финансии остануваат во сива зона

partiski_pari.jpg

11.02.2013  Изборните пари и натаму кријат нозе

Ограничување на донациите, рокови за затворање изборни сметки, укинување трети донатори, се барањата на експертите за поголем ред во изборното финансирање
Можноста фирмите да донираат по пет проценти од вкупниот приход остварен во минатата година, правото изборните сметки да останат отворени с` до завршувањето на трансакциите и можноста за донации од трети лица и натаму остануваат најспорните прашања, врзани за финансирањето на политичките парии во изборните кампањи. 
Ова го потенцираат антикорупционерите и експертите за изборни процеси предупредувајќи на последиците од ваквото однесување во пресрет на локалните избори. 
Спорните решенија останаа во Изборниот законик и покрај многуте експертски барања тие да се сменат бидејќи сега не гарантираат ред во често сомнителните финансиски трансакции на партиите.
Прочитај повеќе

Случај „Телеком“: Американскиот суд потврди- имало случај на криминал во Македонски Телекомуникации

judge.jpg 10.02.2013 Судот во Њујорк во целост го одби барањето на тројцата поранешни менаџери на Маѓар Телеком и Дојче Телеком да се отфрлат обвиненијата за потплатување на високи македонски и црногорски функционери. Корумпираните во Македонија се наведени високи функционери во владејачките партии во 2005 година, кои биле на позиции во регулаторните агенции за телекомуникации и имале директно овластување врз распишувањето на тендер за трет мобилен оператор. околу 10 милиони долари поткупот да не биде распишан тендерот, им бил исплатен преку Грк – посредник.
 
 
Прочитај повеќе

Граѓаните пријавуваат корупција!

prijavikorupcija_mk.png

 
08.02.2013 "Транспаренси интернешнл-Македонија" пред една година го лансираше проектот "Пријави Корупција", кој преку својата веб-страница www.prijavikorupcija.org им помага на граѓаните во борбата против корупцијата.  Досега се добиени  199 валидни пријави со сомнеж за корупцијата во најразлични категории.
 
 
 

Прочитај повеќе

Црна Гора ќе ги бара подмитените функционери во случајот Телеком

magyar_telekom.jpg

06.02.2013 Комитетот за спречување на корупцијата во Црна Гора за утре го закажа главното сослушување на Државениот обвинител и Директор за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Црна Гора за криминалот и приватизацијата наТелекомот.
 
 

Прочитај повеќе

Антикорупциската аминува изборен поткуп?

dksknatpis.jpg 05.02.2013 Новите најави за вработувања пред избори се спротивни на законите. Аминот кој Антикорупциската комисија и го дала на Владата за вработувањата е нелегален и без преседан, предупредуваат експертите.

Ако пред две недели ги повика институциите да прекинат да вработуваат во предизборието и да ги почитуваат законите, сега Државната комисија за спречување корупција реши истите да ги аминува. Агенцијата за вработување вчера го објави огласот со кој три милиони евра народни пари ќе се делат субвенции на 930 граѓани за самовработување.

 
 
 
 
Прочитај повеќе

Прикриена корупција кога општините продаваат државно градежно земјиште?

corruption_happens.gif 01.02.2013 Изминаа 18 месеци откако стапи во сила новиот закон за градежно земјиште, но, од 84 општини во Македонија засега само 42 добиле право за управување и продажба на државното градежно земјиште.

Најголем проблем за општините се четири критериуми за префрлање на државното градежно земјиште во нивна надлежност: да имаат усвоена едногодишна програма за работа заради располагање со земјиштето и потребен број вработени лица со соодветно овластување, да основале комисија за спроведување постапки за јавно наддавање, како и тоа да воспоставиле електронски систем за јавно наддавање на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија.
 
 
Прочитај повеќе

Слободата на печатот во слободен пад

rwb.gif 30.01.2012 Следејќи го опасниот пример на Унгарија и Италија, Македонскиот парламент се подготвува да воведе „легална цензура“ во земјата. Ова дел од описот за состојбата во Македонија во извештајот на „Репортери без граници“ во кој земјава бележи пад од 22 места на скалата со која се проценува слободата на печатот. Како причини за ваквиот пад во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Македонија е на 116-то место, пред нас на 115 место е Нигерија, а по нас Венецуела.

 Хрватска и Србија бележат подем, првата за 4 места со што се позиционира на 64-тото место, додека втората за 17 места при што сега е на 63-то место. Пад од 6 места бележат Албанија која што стигна на 102 и Црна Гора која е на 113-тото место.

 

 

Прочитај повеќе

Истражување – Антикорупциска не си ја врши работата

 

idscs_konf_1.jpg

29.01.2013 Власта ја запоставува борбата против корупцијата и нема политичка воља за силни антикорупциски институции кои ќе ги контролираат народните пари – е заклучокот од истражувањето на Институтот за демократија. Актуелната комисија во 2011 не сработила ништо, а лани се занимавала со гонење на корупција од средно ниво- утврдила анализата на институтот.
Прочитај повеќе