Јавно обвинителство: Нема кривично дело во продажбата на градежното земјиште зад „Рамстор“
12.11.2007 Јавното обвинителство на Република Македонија во денешното соопштение наведува дека нема место за јавно-обвинителска интервенција во врска со продажбата на градежното земјиште сопственост на државата, а лоцирано во непосредна близина на трговскиот центар „Рамстор“.
– Објавувањето на јавното наддавање е во согласност со Уредбата за начинот и постапката на оттуѓување, давање под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓување и давање под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, бидејќи истото е сторено во средствата за јавно информирање, а Уредбата не посочува потреба од објава во странските гласила, се вели во соопштението.
|