ТИ поднесе жалба против 57 германски компании

ti 

06.06.2007 Германското претставништво на анти- корупциската организација Транспаренси Интернршнал (ТИ) денес покрена жалба заедно со германското Федерално министерство за економија и технологија против 57 германски компании за наводно плаќање на 11.9 милиони долари мито  во програмата на ОН во Ирак „Нафта за храна“. 

 

ТИ обвинува дека компаниите ги прекршиле начелата на Организацијата за економска соработка и развој усвоени од страна на Германија и 38 други влади кои поставуваат општествени, еколошки и анти- корупциски стандарди за мултинационалните корпорации.  Германското федерално министерство за економија и технологија има одговорност за меѓународните договори и промовира придржување кон начелата и кога е повикано, испитува можни злоупотреби од страна на германски компании.  

 

Поднесувањето на жалбата го означува фактот дека во една земја прв пат од владата е побарано да преземе мерки поради начелата на Организацијата за економска соработка и развој кои се однесуваат на корупцијата а во случајот поврзано со програмата „Нафта за храна“. 

Прочитај повеќе

Комисија за пристап до информации затворенa за јавност

plakatpi

04.06.2007 Комисијата за слободен пристап до информациите функционира во затворен круг, тврдат во невладината организација „Промедија“. Најдрастичен пример за нетранспарентност е тоа што Комисијата се' уште не го обелоденува извештајот за работењето во 2006 година на својата веб-страница. Овластената институција која низ сопствен пример треба да ја докаже својата отвореност за јавноста, коментираат во „Промедија“, на овој начин премолчено признава дека е конституирана само за да ја исполни формата, а не и суштината. Извештајот е проследен до Собранието, во него нема никакви тајни, а не е објавен, бидејќи во Комисијата го сметаат како недовршен јавен документ. Една од солуциите за расчистување на ова нерешено прашање е да се побара автентично толкување од законодавниот дом како да се постапи. Најапсурдно од се' е тоа што дури ни новинарите не можат да го добијат извештајот, бидејќи од Комисијата ги упатуваат на Собранието. 

Прочитај повеќе

Граѓаните бараат информации, администрацијата молчи

plakatpi

31.05.2007  Законското право за слободен пристап до информации од јавен карактер постои нецела година. Сепак, нема место за задоволство, бидејќи практичната примена не е на посакуваното ниво. Граѓаните поставуваат прашања, трпеливо ги чекаат последните рокови, а администрацијата демонстрира рамнодушност и молчи. Најпогодена категорија се новинарите, за кои податоците обезбедени по еден месец немаат никаква вредност. Отвореноста на институциите за информации се' уште е голем проблем во Македонија. Доволна потврда за тоа е податокот дека, на пример, на една третина од 660 поднесени барања за официјални информации службените лица не дале никакви одговори! Како можен лек за побрзи и поквалитетни услуги се споменува професионализацијата на овластените службени лица. Експертите укажуваат на неопходни корекции во Законот.

Прочитај повеќе

ТИ одржува регионална средба посветена Европа и Азија

  ti

30.05.2007 Транспаренси Интернешнал (ТИ) ќе ја одржи својата годишна регионална средба за Европа и централна Азија во Баку на 31 Мај со високопрофилна антикорупциска конференција:

„Борба со корупцијата и реформирање на институциите во транзициони економии“.

 

Конференцијата ги зближува анти-корупциските активности, вклучувајќи ја и националната единица на Ти во овој регион, интернационални експерти и водачи на граѓанското општество од околу 40 земјо во Европа и централна Азија, од Ирска и Монголија.

Меѓу излагачите ќе бидат вклучени симболични реформски фигури од транзициските економии вклучувајќи ја поранешната романска министерка за правда Моника Маковеј и полскиот економист Лесзек Балцеровиц.

 

Конференцијата на ТИ, чиј домаќин е владата на Азербејџан а кофинансирана е од агенцијата за интернационален развој на Соединетите смерикански држави (УСАИД) ќе послужи како платформа за размена на стратегии за борба против корупцијата и можност за се дискутираат специфичните регионални прашања како што се предизвиците на транзицијата и изворите на националното богатство. Азербејџан којшто е независен повеќе од 15 години и со светски највисок забележан ЏДП раст во 2006 ја симболизира можноста и предизвиците со кои се соочува регионот.

Прочитај повеќе

Стечајни постапки за распад, а не за раст

scalemoney 

29.05.2007 Стечајните постапки во Македонија траат предолго, се обесштетуваат и фиктивни доверители, со години се раскрчмува имотот, многу фабрики сосема се обезвреднија. Ограбени останаа фирмите од кои печалеа само поединци. Има низа примери на компании што отишле во стечај и покрај тоа што немало потреба за тоа. Бесконечно долги и тешки за работниците, македонските стечаи во просек траат по нешто помалку од пет години. Скопските „Газела“ и „Центро“, но и уште неколку стотици фирми, се сведоци на стечајни постапки долги по една деценија.


Со новиот Закон за стечај стечајните постапки треба да завршат во рок од шест месеци, а не како досега, тие да се водат повеќе години. Стечајните управници ќе треба да имаат лиценца за работа што ќе се обновува на секои две години. Управникот ќе треба да има и осигурување, а целиот негов имот ќе биде гаранција дека ќе работи чесно. Управниците мора да ја почитуваат законската регулатива, односно ако има план за реорганизација, стечајната постапка да ја завршат за 207 дена, а при ликвидација за 175 дена. 
 

Прочитај повеќе

Глобален корупциски барометар за 2007 г.

 gcr2007

28.05.2007 Корупцијата го поткопува судскиот систем насекаде низ светот оневозможувајќи им го на граѓаните пристапот до правдата и основното човечко право на правично и непристрасно судење, понекогаш скратување и на самото судење, вели Глобалниот корупциски извештај 2007: Корупцијата во судскиот систем, објавен денеска од Транспаренси Интернешнал, глобалната коалиција против корупција.

 

„Подеднаков третман пред законот е столб на демократските општества. Кога судовите се корумпирани од лакомост или политичка целисходност , вагите на правдата се искосуваат а обичните луѓе страдаат“- вели Хјуџет Лабел- претседател на Транспаренси Интернешнал. „Судската корупција подразбира дека гласот на невините минува неслушнат, а виновните поминуваат неказнето“.

 

Во новиот Глобален корупциски извештај се заклучува дека корумпираното судство ја разјадува општествената способност да го процесуира трансинтернационалниот криминал и го инхибира пристапот до правдата и надокнадувањето за прекршување на човековите права. Го поткопува економскиот развој со оштетување на довербата на инвестиционата заедница и ги попречува напорите за редуцирање на сиромаштијата.

 

Прочитај повеќе

Осомничен поранешен царински функционер

mvr 

23.05.2007 Поранешен долгогодишен висок функционер на Царинската управа на Македонија е осомничен од страна на полицијата за злоупотреба на функцијата во корист на фирмата „Фершпед“.

Полицијата соопшти дека поднела кривична пријава против В.Л.(61), поранешен помошник на директорот во Секторот за царинско-правни работи, бидејќи ја оштетил Царината, односно државниот буџет во висина од околу три милиони и 200 илјади денари во полза на „Фершпед“.

Одделот за организиран криминал утврдил дека В.Л. во 2004 година примил пресуда од надлежен суд дека Царината треба да му плати на „Фершпед“ околу 4,5 милиони денари, за задоцнето плаќање фактури по основа на закуп на деловен простор во период од неколку години. 

Прочитај повеќе

Се прислушува без контрола

listeningdevice 

23.05.2007 Постојат сериозни индиции дека следењето на комуникациите, аудиовизуелното снимање и користењето лица со прикриен идентитет како посебни истражни мерки се злоупотребуваат. Тие, наместо да помогнат во спречувањето на криминалот, се користат како алатка за повреда на човековите права, предупреди вчера Македонскиот хелсиншки комитет. Во веќе процесуирани шест судски предмети, врз кои е вршен мониторинг, се регистрирани големи недостатоци во процедурата на нивното користење, а судот, за жал, со своите одлуки само ги легализирал.

– Застрашува тоа што надлежната собраниска комисија, која иако постои, досега нема ниту една анализа ниту реакција за примената на посебните истражни мерки – истакна на вчерашната прес-конференција адвокатот Сашо Дукоски. 

Прочитај повеќе

Правобранителството добива поголема самостојност

znaknapravdata 

22.05.2007 Јавното правобранителство во Македонија, кое сега е владина служба, во иднина ќе функционира како самостоен орган според модел многу сличен на оној што постои во Република Ирска. Мандатот на челниот функционер во институцијата се зголемува од четири на шест години, а притоа останува правото на повторен избор за исто толку години. Оглас за правобранител распишува Владата, а потоа и одлучува за именувањето на предлог на министерот за правда. Другите државни правобранители наместо четиригодишен ќе имаат траен мандат, исто како судиите. Ова се најсуштинските новини во законот за државно правобранителство кои се веќе проследени во парламентот за разгледување и усвојување, по скратена постапка.

Станува збор за редефинирање на статусот на Правобранителството согласно со современите тенденции, компаративните искуства на други земји, а пред се' со уставното уредување. И во европските, и во државите од најблиското опкружување правобранителствата се посебни тела, но со различна организациска поставеност. Имотните права на Хрватска ги заштитува тело во рамките на правосудниот систем, а во Словенија функционира самостоен орган. 

Прочитај повеќе

Работилница посветена на ИТ секторот

 it

18.05.2007 Во рамките на проектот „Подобрување на корпоративното управување за ‘0’ толеранција кон корупцијата“, Нулта корупција, денес ја одржа шестата работилница посветена на Информатичкиот сектор.

  

Претставниците од ИТ секторот во својата дискусија ги посочија главните облици на корупција со кои се соочуваат и ги дадоа своите видувања за начините и потребните механизми за успешно справување со истата во рамките на овој сектор. Препораките од денешната, како и од претходно одржаните работилници ќе бидат искористени за изработка на унифициран етички кодекс, чие што прифаќање од страна на стопанските субјекти ќе придонесе кон поуспешно корпоративно управување.

 

Професорката Антонија Јосифовска од факултетот за бизнис и економија истакна дека е неопходно приватниот сектор да се сврти кон себеси и да ги идентификува своите слабости и преку личното однесување да покаже дека е подготвен да се справи со корупцијата.

 

Професорот Горан Коевски од Правниот факултет препорача самиот сектор внатрешно да ги прифати минималните стандарди на корпоративната одговорност преку усвојување на етички кодекс, затоа што напредокот на бизнисот е секогаш чекор напред пред легистлативата. Со текот на времето успешните едички кодекси можат да прераснат во закон.

Прочитај повеќе