Фридом Хаус: Македонија се врати 10 години наназад

freedomhouse.jpg 12.06.2014 На листата на нации во транзиција на Фридом Хаус, Македонија во 2014 година е ставена во категоријата каде што беше пред 10 години. Падот се должи на влошувањето на состојбата со независни медиуми во земјата.

Земјите на листата на Фридом Хаус се рангирани на скала од 1 до 7, при што со 1 се претставени земјите кои бележат најголем демокртаски прогрес, а со 7 оние кои имаат најниско ниво на демократски прогрес. Македонија на оваа листа има демократски индекс од 4,00, односно припаѓа на категоријата на „транзициони/хибридни режими“. Во истата група се наоѓаат и Украина (4,93), Грузија (4,68), Молдавија (4,86), Албанија (4,18) и Босна и Херцеговина (4,43).

По категории, кои заедно ја чинат вкупната оценка, Македонија во извештајот на Фридом Хаус, со наслов „Нации во транзиција“, е категоризирана на следниот начин: изборен процес (3,25), цивилно општество (3,25), независност на медиуми (5,00), корупција (4,25), демократско управување на национално ниво (4,25), демократско управување на локално ниво (3,75) и правна рамка и независност на правосудството (4,25).

 

 

Прочитај повеќе

Новинарите на 24 Вести и на Канал 77 унапредуваа дел од професионалните вештини

ws31052014.jpg 03.06.2014 Унапредување на некои од вештините на новинарите и уредниците на телевизијата 24 Вести и на Радио мрежата Канал 77, беше главна цел на работилниците што се одржаа за време на викендот на 31.05 и на 01.06 2014.
Работилниците во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија се во рамките на проектот Поддршка на независни медиуми во Република Македонија, што се спроведува заедно со британската невладина организација ЕРИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија.
Со дел од новинарите и уредниците од  24 Вести, нашите експерти Марина Тунева од Скопје и Мартин Хакерби од Лондон разговараа и работеа на теми како што се одбирање на вистински агол при известување од настан или при соопштение од официјален извор, потоа на техники на убаво пишување, како и разработка на хипотетички сценарија за тв сторија, при што посебен осврт се даде на употребата на сликата, односно видео инстертирањето и покривање на текстот. Еден дел од работилницата беше посветен и на анализа на главната информативна емисија на ТВ 24 вести, при што се анализираше генерално содржината на вестите, но и во детали, еден од прилозите што биле емитувани.
 
 
 
Прочитај повеќе

Слаѓана Тасева:Антикорупциската комисија не постои

 
 

 

Инбокс 7: Неделава беа објавени финансиските извештаи на партиите за изборите.Реални ли се извештаите што ги прикажаа партиите?

Тасева: Долго време се боревме да се објавуваат јавно финансиските извештаи од партиските кампањи. Сега ја актуелизираме темата за реалноста и објективноста на тие извештаи. Покрај обврската да се објави тој извештај, Министерот за финансии има обврска да направи образец на кој партиите детално ќе може да ги пријавуваат и приходите и расходите направени во предизборните кампањи. Од овие извештаи реално може да се види од каде стигнале парите и за што се потрошени овие пари. Извештаите не се реални затоа што не се детални, многу се општи, генерализирани и од нив всушност, ништо, не може да се види.

Втората работа, е што во оваа кампања утврдивме дека влегуваат и сретства од други извори. Се плаќаат трошоци за кампањи од сметките на Локалните самоуправи. Таму влегуваат и сретства за кои не им го знаеме потеклото, како наводни донации од луѓе, а не знаеме ништо за потеклото на донираните пари.

   

Прочитај повеќе

Експерти: Говорот на омраза создава насилство

30.05.2014 оворот на омраза може да ги подгори меѓуетничките тензии во Македонија, а од друга страна, институциите не реагираат доволно за спречување на ширењето на омразата, велат упатените. 
 
Консултантот за медиуми Мартин Хакерби вели дека и покрај тоа што надлежните и публиката се свесни за штетноста на феноменот, проблемот сепак постои.
 
 
 


GOVOR NA OMRAZA 30 05 by 24vesti

Прочитај повеќе

Четири медиуми и експерти разменија знаење за специфични медиумски вештини

 ws18052014.jpg19.05.2014 Над 30 новинари и уредници заедно со експерти за медиуми и тренери, во периодот од 16 до 18 мај разменија искуство и знаење за специфични медиумски вештини и техники при изработката на новинарските содржини на медиумите.
Настаните се одвиива во форма на работилници во рамките на проектот Поддршка на независните медиуми во Република Македонија, што е спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија и ЕРИС од Обединетото Кралство, а е поддржан од Европската Унија, преку инструментот за демократија и човекови права ЕИДХР.
Прочитај повеќе

Финансирањето на изборните кампањи со низа прекршувања на законите

press29042014.jpg Вработените во органите на општините и во јавните претпријатија не го познаваат законот, не прават разлика меѓу партијата и државата, со што самите се изложени на закана од високи затворски казни

29.04.2014 Транспаресни Интернешнл – Македонија (ТИ-М) презеде серија на мониторинг активности за време на одржувањето на изборната кампања на претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија, при што во неколку случаи се констатирани низа нерегуларности. Дејствијата на прекршување на законот се манифестирани во вид на плаќање на трошоци наменети за финансирање на изборната кампања во готовина и од страна на неовластен орган, со што повеќекратно е прекршен член 71 став 9 од Изборниот законик, а остварени се и елементите на повеќе кривични дела од Кривичниот законик како што се „Злоупотреба на службена положба и овластување„ член 353 став 2, „Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања член 165 -а од Кривичен законик и други). Елементи на ова кривично дело се со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин.

 

 pdf slucaj_-_jkp_komunalec_prilep 217.99 Kb

 

pdf slucaj_-_opshtina_studenichani 239.44 Kb

 

 

Прочитај повеќе

Државни пари во партиски кампањи

money.jpg 23.04.2014 Користењето на јавни пари, работна сила или материјали, согласно изборниот законик, не смее да има во ниту еден облик за изборните кампањи, но тоа редовно се прави, посочуваат експертите, а причината за тоа е токму фактот што досега не е преземена никаква санкција или мерка за одговорност спрема кого било кој вршел злоупотреба.

„Ние имаме нотирано неколку случаи каде вработени од комуналните претпријатија во општините градат или поставуваат платформи за одржување на митинзи, имаме нотирано случаи каде до општините се испраќаат фактури коишто треба да се платат од страна на општината, а тие се за озвочување или за други потреби за користење во рамки на кампањите“, посочува претседателката на Транспаренси Интернешанл.

 
 
 
 
Прочитај повеќе

Медиумското покривање не беше непристрасно – велат меѓународните и домашните набљудувачи

16.03.2014 Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М), независна и непрофитна организација која ги промовира вредностите на слободата и демократијата, изврши систематско набљудување на работата на дел од медиумите во Македонија во врска со нивното покривање на претседателските и предвремените парламентарни избори во земјата што се одвиваат овој месец. Набљудувањето беше спроведено како дел од проект кој е воден во соработка со невладината организација ЕРИС (Electoral Reform International Services)  од Обединетото Кралство и невладината организација од Словачка МЕМО 98, специјализирана за набљудување на медиуми, финансиран од Европската Унија, од Европски Инструмент за Демократија и Чоовекови Права.


„Главната цел на проектот е да им се помогне на нашите медиуми да можат да играат многу поконструктивна и поодговорна улога во развојот на демократијата“ – изјави Слаѓана Тасева, претседател на ТИ-М. „Нашата намера е да им понудиме на медиумите меѓународно искуство што би им помогнало да ги усвојат практиките на  непартиско и објективно известување, преку серија на специфични, целни обуки. Воедно се надеваме дека нашиот мониторинг ќе помогне да се иницира дебата за професионалните стандарди“, додаде Тасева.

 

pdf media_monitorinfg_tv__radio_channels 1.52 Mb

 

pdf media_monitoring_print_media 1.22 Mb

 



Прочитај повеќе

Трошењето за време на кампањата, сомнежи за корупција

corruption_happens.gif 10.04.2014 Трошењето на повеќе пари од што се има на сметка, на некои од претседателските кандидат за време на кампањата не е незаконско, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл. Но, вистинскиот проблем е дали долговите што ќе се направат за време на кампањата, потоа ќе се вратат и како ќе се направи тоа. Според Тасева, токму во ова лежи можноста за корупција во политиката.
„Значи тука е проблемот. Ако не се покријат овие трошоци, прашање е како ќе се оддолжи партијата. Најчесто, знаеме дека финансирањето на политиката се прави со очекување на тие кои што се поддржуваат ќе добијат, па утре ќе се добијат одредени поволности. Тука навлегуваме во сферата на политичката корупција“, изјави Слаѓана Тасева, Транспаренси интернешнл.
 
 
Прочитај повеќе

Кои се донатори на партиите?

izbori-se.jpg04.04.2014 Фирми, физички лица, кандидати за пратеници, заменици министри, градоначалници, директори на акционерски друштва – ова е структурата на донатори во извештаите на политичките партии за 2013-та година.

Иако законскиот рок беше 31 март, годинишните извештаи од политичките партии за добиени донации на веб страната на Управата за јавни приходи, се објавија дури денеска. 

Според податоците од УЈП, лани најмногу донации имала владејчаката ВМРО-ДПМНЕ. По овој основ во партсиката каса на ВМРО-ДПМНЕ се слеале 185.000 евра. На листата како донатори се јавуваат кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори, како Васил Пишев и Славе Гошев, Маја Стојановска.
 
 
Прочитај повеќе