Покана за прес конференција
25.03.2015 Граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата ве покануваат да присуствувате на прес конференцијата што ќе се одржи на 25 март 2015 година (среда) во 12 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје која ќе се однесува на прислушкуваните телефонските разговори кои повеќе од еден месец се објавуваат во јавноста.
Од прес конференцијата ќе биде упатен повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски разговори.


11.2014 Иако во одредени делови од Пелагонискиот регион загадувањето на воздухот може да се види речиси и со голо око, многу често официјалните информации од надлежните институции не се совпаѓаат со затекнатите состојби на терен. Недоречената законска регулатива, нетранспарентните и „ненадлежни“ институции, се само дел од проблемите од субјективен карактер кои, барем кога се во прашање состојбите со животната средина, му стојат на патот на истражувачкото новинарство.