Повеќе пари за судството

Треба да се утврди дали уплатите се вршени од жиро-сметката на институцијата или од личната сметка на функционерите, велат упатените.
19.07.2010 Во рамки на проектот "Подобрување на изборниот систем во Република Македонија", "Транспарентност-Нулта Корупција" ја издаде публикацијата "Финансирање на политички кампањи". Проектот беше поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка. finansiranje_na_politicki_kampanji 780.57 Kb
15.07.2010 Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети, но службениците кои вршат две функции истовремено, не сакаат да се откажат од она што им го нудат функциите, повeќето од нив мудро си молчат.
18.06.2010 „Од согледувањата од аналитиката, корупцијата најмногу се појавува во правосудството, царината и администрацијата, но сепак ја има во сите области и тоа е загрижувачки“, изјави денеска претседателот на Антикорупциската комисија, Илми Селами.
На третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупција, која што се одржа денеска во Скопје беше заклучено дека е потребно да се анимираат сите чинители во државата и општеството и активно да се вклучат во процесот на борбата против корупцијата.
Селами рече дека е потребно отварање на широк фронт против корупцијата за борбата да биде успешна.
Од Претставката и приложената документацијата што беше доставена, видливо е дека:
Причина за поднесената претставка, се наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), за кои најпрвин дознал од медиумите и кои според негово видување не се соодветни за ситуацијата во која се затекнал, со барање да му биде презентиран нашиот став во врска со истото.
Што се однесува до Известувањето на ДКСК доставено до господинот Ванчо Каргов, истото не содржи доволно податоци кои ја оправдуваат и прават разбирлива примената на во него посочените одредби од Закон за спречување на корупцијата (ЗСК) и Закон за спречување на судир на интереси (ЗССИ) за конкретниот случај, односно истото не е соодветно образложено и релевантно аргументирано.