Проект „Антикорупциски мерки“

seibaner

15.03.2007 Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при македонската Влада денеска го промовираше проектот „Антикорупциски мерки“, финансиран од страна на Владата на Кралството Норвешка.

„За да се привлечат странски инвестиции, потребна е транспарентна борба против корупцијата. Транспарентната влада може да им донесе многу добра на луѓето. Граѓаните мора да и веруваат на Владата, односно да знаат дека никој не може да влијае врз нејзината работа“, рече на денешната промоција на проектот Нилс Рагнар Камсваг, заменик генерален директор во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Тој додава дека транспарентноста и борбата против корупцијата се важни и за евроатланските процеси.

„Ние ги поддржуваме проектите во Македонија за да се осигураме дека македонската влада учествува во ова и ги прави сите работи потранспарентни. Посебно е важно што ваквите проекти се поттикнувани од македонската влада“, вели Камсваг.

Според него, оваа година е намалена помошта што Кралството Норвешка ја дава на балканските држави, вклучително и Македонија, што е доказ дека „веќе има многу прогрес во регионот и дека средства се потребни и на другите земји“.

Прочитај повеќе

Ќе се конфискува корумпиран имот

udripari 

14.03.2007  Државата ќе им го конфискува имотот на сите они на коишто ќе им биде изречена извршна пресуда за криминал и корупција. Ова го предвидува законот за конфискација на имот создаден со криминал и корупција, за кој вчера расправаше Владата. Законот е експресно подготвен откако премиерот Никола Груевски го задолженил министерот за правда Михајло Маневски да го сработи како приоритет.
Конфискација на имот досега имаше само за кривични дела. Со законот Владата сака, тврдат наши извори, првенствено да ги казни олигарсите за кои има сомневања дека дел од имотот го создале незаконски. Во Владата не сакаат да кажуваат имиња на потенцијални случаи, но велат дека проверките и истрагите течат интензивно и дека, зависно од тежината на криминалното дело, со секоја извршна пресуда ќе следи и одземање на спорниот имот.

 

Прочитај повеќе

Работилница за секторот услужни дејности

ws1303 

13.03.2007 Воспоставување на етички кодекс и следење на меѓународните деловни принципи е целта на денешната работилница што ја организира „Нулта корупција”.

Работилницата, која се одржа во хотелот Стоун Бриџ, е посветена на темата ”Подобрување на корпоративниот менаџмент за нулта толеранција за корупцијата”, а денеска се организира во рамки на секторот за услужни дејности.

Особен акцент, истакнаа организаторите, треба да се стави на заложбите за транспарентен менаџмент, зајакнување на етичкото управување, транспарентност во работењето и подобрување на корпоративното управување.

Прочитај повеќе

Барометер на корупција за месец февруари

vaga 

11.03.2007 Ослободителната пресуда за Агим Красниќи и полициската акција против корумпирани полицајци и цариници, се случаите што оставија белег во февруари годинава, во поглед на можностите за корупција и борбата против.

За овие два настанаа гласаа најголем број од 16 уредници на национални медиуми, кои учествуваа во последната редовна месечна анкета „Барометар на корупцијата“, што ја спроведуваат НВО „Нулта корупција“ и Независната новинска агенција Макфакс.

За случајот „Ослободителна пресуда за Красниќи“ во рубриката „матно“ гласаа 11 од 16 главни уредници на националните електронски и печатени медиуми. Тие се согласни дека е донесена „експресна судска одлука“ на судијка во Основен суд 1 во Скопје за ослободување на Красниќи и осуммина други инволвирани во случајот од обвинението, како и дека се применети „различни аршини при проценка на исти докази“.
 

Прочитај повеќе

Корупцијата останува голем проблем за Македонија

corruption_happens 

08.03.2007 Владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани, сепак, во некои области постојат проблеми. Полициското малтретирање осомничени лица и натаму претставува проблем, а има и тврдења за полициско вознемирување на етничките малцинства, особено на припадниците на ромската заедница, вели американскиот Стејт департмент во делот за Македонија во својот извештај за состојбата на човековите права во 2006.

Корупцијата и политичкиот притисок во министерствата за внатрешни работи и за правда, судовите и Канцеларијата на јавниот обвинител ја спречија истрагата за некои тврдења за злоупотреба на човековите права и процесот на изведување пред суд на обвинетите. Земјата и натаму е транзитна и дестинација за жртвите на трговија со луѓе, за сексуално искористување и работа. Општествената дискриминација кон етничките малцинства, особено Ромите, и натаму претставува проблем, се вели во извештајот. 
 

Прочитај повеќе

Правобранител крадел предмети и доделувал земјиште

sudskopje 07.03.2007 Миодраг Стевановиќ, поранешниот заменик-јавен правобранител, украл три предмети за денационализација од своите колеги и доделил атрактивно државно земјиште од 12.000 квадратни метри во Аеродром на пет скопјани, утврдило МВР во предистражната постапка.

Заменик-јавниот правобранител Стевановиќ и архиварката Љубица Минчоровска од завчера се во истражниот затвор Шуто Оризари, откако им беше изречена мерка притвор од 30 дена. Стевановиќ се товари за злоупотреба на службената положба, а Минчоровска за помагање. Истиот заменик-правобранител ги бранеше интересите на државата во случаите „Бачило“ и „УПА Ентерпрајс“, каде што државата загуби околу два милиони евра. 

Прочитај повеќе

Ќе се кастрат 2.200 прописи?

 07.03.2007 Проектот Регулаторна гилотина со кој треба да се намали бројот на административни прописи се одвива одлично. Од почетокот на неговото спроведување досега се собрани 2.200 прописи што допрва ќе се ревидираат. Ова било заедничката оценка од вчерашната средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и Марго Томасима, која го предводи Советодавното тело за странски инвестиции при…

Прочитај повеќе

Социјалните станови во Дебар доделени на богатите

06.03.2007 Невиден скандал е она што го направи соодветната комисија за распределба на социјалните станови при Министерството за транспорт и врски. Наместо на оние за кои се наменети, тие се дадени на началници, директори, инспектори, лица кои веќе имаат станови, нивните родители имаат трикатни куќи, па дури и на дебарчани кои работат во Скопје, обвини градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, на средба со новинарите. Според него, постојат непобитни докази дека оние кои добиле стан се послужиле со измама, трансферирајќи ги куќите или становите на име на нивните родители за да докажат дека немаат покрив над главата. 

„Каква е оваа правда“, со солзи во очите вели Абедин Дани, кој откако пред повеќе од две години до темел ја загуби куќата од лизгање на земјиштето во населбата Ваков, сега со старата болна мајка, сопругата и со трите малолетни деца живее кај пријател, кој му отстапува соба на кратко време. „Зошто не дојде некој од комисијата да ја види реалната состојба. На улица сум, тежок социјален случај, ако најдам работа – ќе однесам дома нешто за децата, ако не – тогаш, кажете ми, како да живеам со две илјади денари социјална помош. Ќе одиме и кај претседателот Црвенковски и кај премиерот Груевски, нека знаат како им работи администрацијата“, додава тој. 

Прочитај повеќе

ДИК ги доби ревизорските извештаи за партиите

election2006 

26.02.2007 Државната изборна комисија ги доби ревизорските извештаи за нерегуларностите во финансиското работење на политичките партии за време на кампањата во пресрет на парламентарните избори.
Според портпаролот на ДИК Зоран Таневски наскоро, на јавна седница членовите на комисијата ќе одлучуваат дали и против кои од партиите во Основниот суд ќе однесат прекршочна постапка, а за кои од нив ќе побараат парична казна.
ДИК уште во отомври побара оние партии кои не доставиле никакво известување за нивното финансиско работење во предизборието да платат казна од 200 до 300 000 денари. Меѓу учесниците во изборниот процес кои требаше да ги дополнат извештаите беа и клучните играчи, коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кај кои ревизорите открија повеќе нерегуларности
И директорот на Државниот Завод за Ревизија, Драгољуб Арсовски во интервју за Радио Слободна Европа потврдува дека ги известиле сите релевантни институции околу трошењето на парите за време на предизборната кампања, но истовремено предупредува и за одредени недоречености кои би можеле да бидат пречка за натамошното споведување на законските прописи.
 

Прочитај повеќе

МВР уапсило најмалку 26 полицајци и 9 цариници

mvr

 23.02.2007 Најмалку 26 полицајци, 9 цариници и тројца угостителски работници се уапсени во акцијата на македонската полиција спроведена на 4 гранични премини денеска.

Контролирани биле граничните премини Богородица, Меџитлија, Деве баир и Табановце, а акцијата се уште трае.
           
Според истрагата, на ГП Богородица се приведени 13 полицајци, на Меџитлија шест, на Деве баир седум полицајци и шест цариници, додека на ГП Табановце биле приведени тројца полициски службеници.
           
Уапсените биле следени со посебна опрема подолго време, при што било утврдено дека ја злоупотребиле службената должност и земале мито.
 

Прочитај повеќе