Имотите на функционерите останаа службена тајна

parlament2

22.02.2007 Имотната состојба на министрите, пратениците, директорите и другите носители на јавни функции и понатаму се тајна за јавноста. Државната комисија за спречување на корупцијата од технички причини не може на Интернет да ги објави податоците за тоа колку се богати функционерите.

– Не сме подготвени технички да поддржиме објавување на анкетните листови на интернет-страницата. На тој проблем интензивно работиме. Покрај тоа, уште собираме изјави за согласност од функционерите дека дозволуваат да се објави нивната имотна состојба – велат во комисијата.
Таму се надеваат дека до следниот месец овие проблеми ќе се надминат и дека најдоцна до крајот на март анкетните листови ќе бидат достапни за јавноста.

Антикорупциската комисија е единствена институција на која функционерите се обврзани да и дадат податоци за становите, куќите, автомобилите, банкарските сметки и другиот имот што го имаат тие и членовите на нивните потесни семејства. Министрите, пратениците, судиите, градоначалниците, директори на јавни претпријатија и другите избрани и именувани функционери мора да дадат отчет за имотот и кога ќе стапат на функција и кога ќе си одат од таму. Комисијата е должна да ги заштити нивните лични податоци ако некој го побара тоа. 

Прочитај повеќе

Со построги контроли против перењето пари

moneylaundry 

22.02.2007 Владата предлага нов закон против перење пари со кој ќе се заостри борбата против нелегалните финансиски трансакции и финансирањето на тероризмот. Новините во Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање тероризам, што завчера го усвои Владата, се во приспособување на процедурите на анализа во случај на перење пари и финансирање тероризам, потоа забрана за отворање анонимни сметки и забрана на вршење готовински плаќања со постојните европски директиви. Една од новините е и прераснување на сегашната Дирекција во Биро за спречување перење пари и финансирање тероризам.
 

Прочитај повеќе

Закон за јавна внатрешна финансиска контрола

22.02.2007 Собранието на Република Македонија го донесе Законот за јавна внатрешна финансиска контрола со кој треба да се постигне поголема финансиска дисциплина, заштита од неефикасно користење на ресурсите, малверзации и погрешно управување, откривање и минимизирање на значајните фактори на ризик, промовирање на економично, ефикасно и ефективно работење, придржување кон законите, подзаконските и интерните акти, како…

Прочитај повеќе

УЈП го следи патот на парите кај 60 функционери

ujplogo 

21.02.2007 Шеесет функционери, несразмерно на месечните чиновнички плати, го зголемиле својот капитал, но не го пријавиле, избегнувајќи ја законската обврска да и' платат данок на државата. Во Управата за јавни приходи тврдат дека бројката на даночни затајувачи од браншата на избраните и именуваните во институциите од централната, судската и локалната власт не е конечна и дека секојдневно се зголемува. Само во последните неколку месеци под лупа на УЈП се тројно повеќе предмети за криење имот, првично евидентираните 18 најнапред рипнаа на 48, а сега ги има повеќе од 60.

Даночниците велат дека финиширале четири постапки за затајување данок, а другите се во тек на решавање. Имиња на збогатените не се обелоденуваат во интерес на завршницата, но најавуваат транспарентност. Во УЈП признаваат дека постапката околу решавање на предметите е мачна бидејќи „и од двете страни има силни борци“. Притоа, потврдуваат дека меѓу четворицата е судијката Снежана Попчевска, чиј имот е замрзнат и за кој, затоа што не бил пријавен, таа треба да плати 28.000 евра. Таа била на распит во УЈП, каде што објаснувала како ги стекнала неоданочените 40.000 евра и зошто не ги пријавила како прилив на пари.

Прочитај повеќе

Ќе се проверува имотот на цариниците

carina 

20.02.2007 Ќе се проверува имотната состојба на цариниците. Под лупата на даночниците ќе бидат не само раководните кадри во Царинската управа на Македонија туку сите 810 цариници. Владата со заклучок ја задолжила Управата за јавни приходи да исконтролира дали имотната состојба на цариниците одговара на она што го пријавиле во анкетните листови. Ова е прва масовка во контролите на легалноста на личното богатство на вработени во државната управа.
Директорот на Царината Ванчо Каргов ја поддржува акцијата."Редно и убаво е да се провери имотот на вработените, и тоа не само на оние во Царинската управа туку и во другите институции", ни изјави Каргов.
Управата за јавни приходи ќе ја почне контролата од податоците во анкетните листови што ги имаат пополнето сите царински работници. Постапката ќе се води според Законот за спречување на корупцијата и Законот за персонален данок од доход. 
 

Прочитај повеќе

Ќе се проверува ефикасноста на судиите

 rss

 20.02.2007  Новиот Судски совет има амбиција да ја скенира комплетната состојба во судството и да направи нова систематизација на работните места во третата власт. Предмет на проверка ќе биде работата на сите судии во државата и тоа не само за последната година туку во изминативе шест години. Досието на секој судија ќе се полни со податоци околу бројот на решени стари и нови предмети, но и со сознанија за укинатите и потврдени пресуди од повисоките судови.

Новото судско тело во чии раце премина комплетниот избор и разрешување, но и напредувањето на судиите, од претседателите на сите судови во државата веќе побарало да достават податоци околу потребниот број судии, стручни соработници и поротници и за моменталните испразнети судиски места. Потребата од една ваква иницијатива произлегува од новата законска регулатива, со која се предвиде формирање нов управен суд, апелационен суд во Гостивар, пет специјални одделенија за организиран криминал, намалување на надлежностите на неколку суда и трансформирање на Основниот суд Скопје 1 во кривичен, а на Основниот суд Скопје 2 во граѓански суд.

Прочитај повеќе

По објавување на ревизорските извештаи

election2006

19.02.2007 Извештаите во кои Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил незаконско финансиско работење на партиите на парламентарните избори, се испратени до министерствата за финансии и за правда и до антикорупциската комисија. Ова го потврди портпаролот на ДЗР, Мијалче Дургутов. Државните ревизори во извештајот за финансиското работење на партиите утврдија дека телевизиите донирале милионски суми евра на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ без да платат данок, а партиите неколкукратно повеќе потрошиле пари од законски дозволеното. И покрај констатираното незаконско работење на партиите, надлежните органи одбиваат да преземат мерки.

Државните ревизори во извештајот упатуваат дека Управата за јавни приходи (УЈП) треба да преземе мерки и да го наплати данокот од телевизиите. Според ДЗР, разликата меѓу пријавените цени за рекламирање во Советот за радиодифузија и фактурираните, ДЗР им го пресметува на партиите како приход остварен како донација од електронските медиуми за кои треба телевизиите да платат данок на државата. Во УЈП велат дека не можат да постапуваат се' додека извештајот не го добијат на своја адреса. Во ДЗР објаснуваат дека го испратиле до Министерството за финансии, кое треба да го препрати до УЈП, која, пак, е под нивна надлежност. Во Министерството за финансии потврдија дека го добиле извештајот и сметаат дека нема потреба да им го препраќаат зашто документот е јавен и е истакнат на интернет-страницата на ДЗР и дека раководството на УЈП треба да постапува без да чека курири.
 

Прочитај повеќе

Закон за пристап до информации

plakatpi

15.02.2007   Вкупно 516 барања за добивање информации од јавен карактер, претежно од финансиска сфера, се упатени до имателите на информации во последните пет месеци откако стапи во сила Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информира на вчерашната прес-конференција Јанко Николовски, претседателот на комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата досега регистрирала 435 иматели на информации, но има подготвено список за над 1.200 и континуирано работи на обработка на податоците, рече Николовски, оценувајќи дека најголемиот проблем е што комисијата мора сама да ги бара имателите на информации и оти се ретки случаите некој сам да се изјасни дека е имател на информации. Ова е терен на кој имаме ограничени овластувања и може само да поднесеме прекршочни пријави, укажа претседателот на комисијата.

Според Николовски, не е мал бројот на институциите или носители на јавни функции кои одбиваат да дадат информации со образложение оти не подлежат на одредбите од Законот за слободен пристап до информации. Таков е примерот со Нотарската комора и повеќе подрачни експозитури на јавни институции.

Прочитај повеќе

Сите да плаќаат данок доброволно

ujplogo

15.02.2007 Со поедноставување на процедурите за плаќање на даноците и на социјалните придонеси на едно место ќе се зголеми процентот на нивна наплата. Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, вели дека наплатата на даноците уште повеќе ќе се зголеми ако администрацијата на даночните обврзници им го олесни начинот на плаќање. Според него, со тоа ќе се мотивираат обврзниците сами да си ги плаќаат даноците, бидејќи во практиката се покажало дека најдобра наплата е доброволната.
– Даноците мора да се плаќаат, бидејќи тие пари потоа се враќаат назад за подобрување на животот на граѓани – рече Трајковски на вчерашната прес-конференција по повод почетокот на проектот за модернизација на УЈП што ќе се одвива во наредните три години. Проектот ќе го финансира холандската Владата со 2,96 милиони евра.
Амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја, Фредерика Де Ман, рече дека иако Владата вовела даночни реформи за стимулирање на инвестициите, сепак, се забележуваат прикривање на данок и корупција кај даночните инспектори.
 

Прочитај повеќе

Предлог-закон за судир на интереси

  15.02.2007 Собранието вчера едногласно го усвои Предлогот за донесување закон за спречување судир на интереси. Предлогот ја утврдува постапката во случаи кај кои ќе се утврди постоење судир на интереси, начинот на однесување на службените лица при вршење на службената должност и други прашања од значење за сузбивање на оваа општествена негативна и штетна…

Прочитај повеќе