Политичката волја клучна во борбата против корупцијa
„Борбата против корупцијата е борба на изразена политичка волја. Може да има идеални закони, но, ако не се спроведуваат, нема да има резултати“, изјави Коневска-Трајковска, зборувајќи на денешниот собир на здружението „Нулта корупција“, на тема „Мониторинг на имплементацијата на Декларацијата „0“ толеранција за корупцијата“ во приватниот и јавниот сектор. Македонија е на 105-то место во светот по корумпираност, од вкупно 165 држави, каде се испитувала оваа појава. Појаснувајќи го овој податок, Коневска-Трајковска потенцираше дека случаите против корупција се тешки бидејќи тешко се докажауваат, а како проблем ја издвои и недовербата на граѓаните во институциите.
|