И мала корупција прави голема штета
Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Александар Н.Писарев, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.
Поради погрешна перцепција за лични подароци на бирократијата стимулираме корупција
Македонската јавност сè уште не ја перцепира корупцијата како еден од најглавните проблеми во земјата и граѓаните остануваат склони кон прифаќањето на корупцијата како општествена норма и дел од однесувањето. Во скоро сите анализирани сегменти постои влошување и граѓаните сè повеќе искусуваат коруптивен притисок а со тоа и се вклучуваат во коруптивни активности. Иако значаен дел од популацијата ја препознава корупцијата тие сè повеќе се толерантни и подложни на корупција. Граѓаните на корупцијата најчесто гледаат како на добро и ефикасно средство да се реши некој проблем и сметаат дека корупцијата се „исплаќа„.
Пишува: Александар Н.Писарев
Таканаречената „мала/ситна“ корупција која претставува препознатливо искуство од секојдневниот живот зафаќа сè поголем обeм, а најчесто се занемарува со оценка дека таа корупција на микро ниво не е опасна за општеството и на неа не се гледа како на општествено неприфатлива појава. Преовладува мислењето дека ситно подмитување не е некоја голема штета за општеството, а на поединецот може да му помогне во решавање на крупни проблеми.
Општинските службеници, даночните обврзници, полицајци, судии, лекари, комунални служби, катастар, царина, по експлицитно од другите, пред граѓаните „поставуваат барања„ за некаков вид надокнада за своите службени услуги за кои примаат плата од буџетот кој го полнат тие исти граѓани плаќајќи данок на државата. Секако дека општествено по опасна е таканаречената крупна корупција и по своите ефекти и според временското траење, но и оваа (ситна) влијае сериозно на општеството во целина. Меѓутоа, имајќи го во предвид обичајното право за дарување јасно е со кои тешкотии се соочува граѓанинот кога треба да процени дали е нешто подарок, мито, бакшиш…
„Скопје 2014“ – проект со сите елементи на заробена држава
Анализа: Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори
Новите градоначалници очекуваат ревизорите да ги проверат јавните набавки на претходниците
Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарката Весна Коловска, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.
18.06.2018 Ставањето акцент во јавноста на гломазниот проект „Скопје 2014“, каде се констатирани бројни финансиски злоупотреби, го тргна светлото од обилното користење на системот за јавни набавки во општините, во функција на компании блиски до владејачката партија и луѓето на власт. Сомневањата за повеќегодишните злоупотреби на општинските буџети, засега се само во вид на кривични пријави и понекоја условна осуда. Изостануваат очекуваните, од јавноста факти и документи, за тоа како се трошеле граѓанските пари, но и за кои цели. Дали се следел граѓанскиот интерес или партиската програма, која обилува со нови плоштади, фонтани и споменици?