Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

 

usaid_logo.png

 

platforma_logo.png

    

 

 

 

 

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД. 

29.03.2018 Сомневањето на поврзаноста на транспаретноста на судските постапки со корупцијата е недискутабилна за нашите соговорници кои се дел од стручната јавност и експерти во своите области. Но она што е сигурно недвојбено е, сè додека нема транспарентност и јавност во судовите и правосудството генерално, Македонија не е држава што ги исполнува загарантираните универзални човекови права.
Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти во судска постапка кои треба да обезбедат фер и правично судење за секого – универзални права на човекот.

 

Прочитај повеќе

Call for Applications:Researchers: Government Defence Anti-Corruption Index

ti_ds.png

ti-m.jpg

 
19.03.2018 Transparency International (TI) is the world’s leading non-governmental, global, anti-corruption civil society organisation, with over 90 politically non-partisan chapters. TI’s Defence and Security Programme works with governments, defence companies, multilateral organisations and civil society to prevent corruption in defence, and to build anti-corruption capacity and integrity in defence establishments across the world. 
 
The Government Defence Anti-Corruption Index (GI) is the first global analysis of corruption risks in defence establishments. Its two iterations published in 2013 and in 2015 generated a high degree of press and media attention, and have been used by governments to improve their anti-corruption practices in defence institutions. 
 
TI Defence & Security in partnership with TI Macedonia are looking for reasearchers in Macedonia to conduct a country assessment and peer reviewing of the assessment for the next iteration of the GI. The core of the index methodology consists of a lead country assessor scoring and providing detailed answers to 76 questions spanning a range of corruption risks relevant to the defence and security sector. The research requires the assessors to engage with primary sources. The research will also require from the assessor a short write-up of the current relevant political and social context of the country, and a summary of the main findings based on the filled-in questionnaire. Peer reviewers will engage in conducting a full review of the country assessment. 
 
 
Прочитај повеќе

Барање за професионализам, департизација и интегритет на членовите на ДКСК

platforma_logo.png
 
12.03.2018 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) бара воспоставување професионално тело за антикорупција кое ефективно, независно и со висок интегритет ќе иницира и ќе ги спроведува законските надлежности и политиките за спречување на корупцијата во Република Македонија. Платформата повикува на промена на актуелниот модел за избор на членовите на  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) кој ќе се базира на компетентност и интегритет, без партиски влијанија, преку јавен распит на кандидатите во Собранието на РМ. Бараме претставници на граѓанското општество активно да учествуваат во распитот и да влијаат на одлуката за избор на членовите на ДКСК. Исто така бараме како приоритет да се поведе постапка за преиспитување на моделот на институција за борба против корупцијата, и формирање на институција која ќе ги задоволи меѓународните стандарди за независност, ефикасност и неселективност во работењето. 

Укажуваме дека за Платформата е неприфатливо членовите на ДКСК да бидат предмет на меѓупартиски преговори, со што би продолжила досегашната практика на лојалност кон политиката на власт, наместо нејзина активна контрола и почитување на законите.
 
 
Прочитај повеќе

Средба на министерката Шекеринска со претставници на Transparency International

meetingmod_28.022018.jpg
 
28.02.2018 Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се сретна и разговараше со Методи Зајков, генерален секретар на Transparency International за Македонија и Каролина МекЛахлан, менаџер за истражување и политика – конфликти и небезбедност од меѓународната канцеларија на Transparency International.

На средбата Министерството за одбрана го изрази својот интерес да биде вклучено во Антикорупцискиот индекс на Transparency International – одбрана и безбедност, преку кој се вршат проценки на ефективноста и зајакнувањето на институционалните и неформалните контроли во справувањето со ризикот од корупција во одбраната и безбедносните институции.
 
 
Прочитај повеќе

Анализа: Целосно непочитување на законите и преиспитување на работата на судииите

konrencija_23022018.gif
 
23.02.2018 Анализата на дванаесет правосилни судски случаи за предмети процесирани во изминатите десет години покажува целосно непочитување на законите и една голема потреба од сериозно преиспитување и на работењето на судиите и на судската практика во Македонија, изјави денеска претседателката на Транспаренси интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева.
Согледувањата се поразителни, посочи Тасева на денешната промоција на темелната анализа „Правосудниот систем под лупа“, и оваа книга ќе претставува сведоштво за едно нестручно, несоодветно, незаконско работење на правосудниот систем во Македонија.
 
 
 
Прочитај повеќе

ИПК во 2017 година покажува висок корупциски товар во повеќе од две третини од земјите

cpi_2017.png
 
22.02.2018 Индексот објавен денеска од страна на Трансперенси интернешнал, која годинава ја одбележува својата 25-годишнина, открива некои вознемирувачки информации – и покрај обидите за борба против корупцијата низ целиот свет, повеќето земји се движат премногу бавно во нивните напори. И покрај тоа што за превземање на мерки против корупцијата е потребно време, во последните шест години многу земји сè уште не постигнаа никаков напредок. Уште по алармантно, понатамошната анализа на резултатите од индексите покажува дека земјите со најниска заштита на медиумите и невладините организации (НВО) исто така имаат тенденција да ги имаат најлошите стапки на корупција.
 
Изјава од Д-р Слаѓана Тасева – претседател на ТИ Македонија 
Проблемот со корупцијата и понатаму ескалира. Република Македонија уште еднаш забележа пад на ранг листата на Индексот за перцепција на корупцијата кој денеска го објави Транспаренси Интернешнел. Република Македонија со пад од 17 места, денес се наоѓа на најниското 107 место откако постои ИПК.
Резултатот покажува дека продолжува политиката заснована на клиентелизам и интереси, и власта продолжува да ги занемарува сите укажувања за ескалација на проблемот со корупцијата. Системот на заробена држава и понатаму опстојува и го оневозможува работењето на институциите задолжени за борба против корупцијата, пред се на Јавното обвинителство и службите за спроведување на законот, а Државната комисија за спречување на корупцијата и понатаму е немоќна да се справи со проблемите на судирот на интереси и контрола на имотната состојба на функционерите. Владата не успеа да го востанови долго најавуваниот принцип на индивидуална одговорност, а одговорните за корупција и натаму се заштитени и недопирливи.
На овој начин и понатаму опстојува систем во кој наспроти правото владеат интереси! 
Укажуваме дека овој систем мора да се замени со систем во кој ќе владее правото, а институциите ќе бидат професионални и ефикасни и ќе преземат сериозни мерки за справување со корупцијата како проблем од висок приоритет. Решавањето на проблемот со корупцијата треба да им се препушти на комптентни професионалци, а политиката да остане надвор од нивната работа.
Република Македонија сега го зазема најниското од било кога 107-мо место од вкупно 180 рангирани држави. Сите држави во регионот, претенденти за членство во ЕУ имаат подобар резултат. Тоа создава недоворба на граѓаните во капацитетите на државата и институциите. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени, а ланецот на корумпираност во високите ешалони на сите власти да се прекине. Тоа е одговорност на Владата, на Собранието, на вработените во институциите и во судството. 
Тоа е одговорност и на граѓаните, кои ги охрабруваме да се спротистават и да ја оневозможат корупцијата. Во име на иднината на Република Македонија.  
 
 
 
 
 
 
 
 

Прочитај повеќе

ДКСК утврди злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови за финансирање на ДУИ

21.02.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија ја известува јавноста дека по наша претставка Државната комисија за спречување на корупцијата утврди постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на политичката партија ДУИ и за тоа писмено го извести Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување.
По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија забележа дека на листата како донатори се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии. Поради тоа на 10.05.2017 година се обративме до Државната комисија за спречување на корупцијата, како надлежна за постапување во вакви случаи.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

 

cpi2017_announcement.png

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
21.02.2018 Траспаренси Интернешнл – Македонија Ве информира дека на 22.02.2018 година (четврток) со почеток во 10:30 часот во Хотел Дувет, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира наодите од Индексот на Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2017 година.

Хотел Дувет се наоѓа на следната адреса: Наум Наумовски Борче број 40 во Скопје.
 
  
 
Прочитај повеќе

Соопштение за јавноста

29.01.2018 Ние долупотпишаните сакаме да ја информираме јавноста и да дадеме препораки до надлежните институции во врска со оданочувањето на физичките лица со ДДВ во рамки на постојната регулатива, кое е проблематично од неколку аспекти.

Ова соопштение за јавност е во функција на подобрување на владеењето на правото, зајакнувањето на правната сигурност, подобрување на услугите од страна на јавниот сектор.

Понатаму во текстот даваме образложение за проблематичните аспекти како и соодветни препораки за надлежните.

 

pdf soopstenie_za_javnosta_vo_vrska_so_ddv 384.77 Kb 

 

 

Прочитај повеќе

Оглас за вработување на Асистент на проект

05.01.2017 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следново работно место:.

1. Позиција: Асистент на проект

Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:

–    Диплома за завршено високо образование;
–    Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
–    Активно користење на MS Office;
–    Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
–    Одлични комуникациски вештини;
–    Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
–    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
Прочитај повеќе