Презентирани наодите од анализите на кривичните предмети „Отпад” и „Музеи на Македонија”
Собранието на РМ да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратеници
Годишниот извештај на ДКСК да се врати на доработка
29.06.2017 Платформата на граѓански организации за борба против корупција упати допис до членовите на Комисјата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија со кој ги повика да донесат Заклучок и на Собранието ќе му предложат да не го усвои Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во 2016 г. Платформата побара Годишниот извештај да се врати на дополнување.
Платформата на граѓански организации за борба против корупција смета дека овој документ не дава сеопфатна слика за активностите кои биле или не биле преземени во 2016 г., Како поткрепа на овие тврдења се истакнуваат податоците објавени во Кварталниот извештај бр. 1 од следењето на работата на ДКСК во периодот од октомври до декември 2016 г., којшто го подготви Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и податоците што редовно ги собира Транспаренси Интернешнл – Македонија.
dopis-do-sobranie-platoforma 330.32 Kb
Работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”
На работилницата беа презентирани заклучоците и препораките од анализите на кривичните предмети: Фаланга, Ликвидација, Мигранти, Детонатор и Аполон, кои беа подготвени од страна на експерти во рамки на проектот кој воедно е поддржан од страна на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.
Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција
Реакција
Објаснување како се пресметуваат резултатите за секоја земја поединечно на ИПК
ИПК 2016: Магичниот круг на корупцијата и нееднаквоста мора да биде прекинат