Прес конференција „ИНДЕКС НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2015 ГОДИНА“

cpi_2015_map.jpg

 
26.01.2015 По повод претставувањето на Индекс на перцепција на корупцијата 2015, кој ќе биде објавен во 168 држави во светот, Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве повикува да присуствувате на прес конференција „ИНДЕКС НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2015 ГОДИНА“ која ќе се оддржи во среда на 27 јануари 2016 со почеток во 11 часот во просториите на Транспаренси Интернешнл – Македонија на адреса ул. Наум Наумовска Борче бр. 58, 1000 во Скопје.
Индексот на перцепцијата на корпцијата е всушност составен врз основа на резултатите од други релевантни истражувања кои биле објавени во последниве 24 месеци. При тоа, основен услов одредена територија/држава да биде рангирана е да биде опфатена со најмалку три иницијални истражувања од вкупно 12 можни. Сите тие истражувања ја мерат перцепцијата за корумпираноста на јавниот сектор и претставуваат мислење на експерти, претставници од институции и деловни лица, најчесто од странство. Секој од овие извори се оценува врз основа на веќе утврдени  критериуми од страна на ТИ.
 
 
Прочитај повеќе

Што се крие зад мистеријата со акциите во Фершпед?

whistleblowers.jpg

 15.01.2015 Во пресрет на стапувањето во сила на Законот за заштита на укажувачи или популарно познат како закон за свиркачи, тие што пријавуваат криминално однесување на своите претпоставени, во пракса се соочуваат со последици. Имено, законот ќе има за цел реално да ги заштити пријавувачите на кривични дела, пред сѐ, од последици на работното место, особено ако пријавата се однесува на некој од компанијата или од институцијата во која тие работат. Но, додека изминуваат последните седмици пред да почне да важи законот, државата како да нема модел да ги спречи моќните функционери кои им се одмаздуваат на работниците во ситуација кога тие, од пониските места во институцијата, детектирале криминално поведение на своите шефови. 
 
Изминатата, но и оваа година, Транспаренси интернешнл спроведува проект наречен „Застапување за заштита на пријавувачите вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество“. Со проектот практично се откриваат случаи, во кои пријавувачите на кривични дела настрадале на своите работни места. Односно, граѓаните што останале без работа или биле прераспоредени на пониска позиција затоа што пријавувале криминал или укажувале на кршење на законите на своите претпоставени, ги пријавуваат случаите во Транспаренси, за потоа преку новинарски текстови да се алармира јавноста во отсуство на закон за нивна заштита. Преку таквите примери, проектот има за цел да ги охрабри вработените да не премолчуваат прекршување на законите, а најмалку криминално однесување на своите претпоставени, туку да пријават.
 
 
 
Прочитај повеќе

Проект-Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

press14012015.jpg

 

14.01.2015 На денешната прес-конференцијата е претставен проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА), поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

 

Во прилог е презентацијата од прес конференцијата и месечниот извештај за месец декември 2015 година. 

 

 pdf prezentacija_pres_konferencija_14012015 391.69 Kb

 

 pdf mesecen_izvestaj_za_mesec_dekemvri_2015 927.20 Kb

 

 

Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

13.01.2015 На 14.01.2016 година (четврток), со почеток во 11:00 часот Transparency International-Macedonia и (ТИ-Македонија) и Центарот за Економски анализи ќе одржат заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот проект “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА).

На настанот, медиумите ќе бидат запознаени со целите на проектот, неговиот опфат, досегашните спроведени активности и првите резултати од мониторингот, а ќе бидат најавени идните активности предвидени со проектот.
 
 
Прочитај повеќе

Реакција до медиумите

Транспаренси Интернешнел Македонија е против амнестирање на сторителите на кривични дела поврзани со корупција предвидено со предлог-законот за амнестија поднесен до Собранието на РМ од пратеникот Павле Трајанов
22.12.2015 Транспаренси Интернешнел Македонија изразува загриженост по повод Предлогот на законот за амнестија поднесен од пратеникот Павле Трајанов кој веќе е влезен во собраниска процедура. Таа произлегува од фактот што член 2 ст.1 т.3, 4 и 5 од предлог-законот предвидуваат:
осудените лица на кои им е изречена казна затвор до една година, а кои се сторители на кривични дела Примање поткуп од чл.357 од Кривичниот законик и Давање поткуп од чл.358 од Кривичниот законик се ослободуваат за 33% од неиздржаниот дел од казната;
осудените лица – сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од една до десет години да се ослободат за 25% од неиздржаниот дел од казната. Тука се опфатени и лицата кои се осудени за злоупотреба на службената положба и овластувања и други облици на коруптивно однесување.
осудените лица – повторници на кривични дела наведени во алинеја 3 (лица осудени за Давање поткуп и Примање поткуп) да се ослободат за 10% од неиздржаниот дел од казната.
 
 
Прочитај повеќе

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АСИСТЕНТ НА ПРОЕКТ

15.12.2015 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следниво работно место:.

1. Позиција: Асистент на проект

Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
–    Диплома за завршено високо образование;
–    Познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
–    Активно користење на MS Office;
–    Одлични комуникациски вештини;
–    Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
–    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим,
 
 
 
Прочитај повеќе

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ

05.12.2015 Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) има потреба од ангажирање на здруженија на граѓани на ниво на Република Македонија, со цел имплементација на проектот:  “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес”, финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
 
Проектот се реализира во соработка со Центар за Економска Анализа (ЦЕА) и има за цел да реализира мониторинг на трошењата од страна на политичките партии и јавната управа за време на изборите во Април 2016.  
 
Опис: Заинтересираните здруженија да предложат по двајца вработени:1 (еден) од областа на финансиското работење и 1 (еден) од областа на општествените науки (политички науки, правни науки, административно работење и слично) кои ќе бидат ангажирани за имплементација на предвидените проектни активности. Избраните кандидати ќе бидат обучени за спроведување на мониторингот.
 
Период: 6 месеци
 
 
 
Прочитај повеќе

Дрвокрадците пустошат со амин на шумарите

whistleblowers.jpg

 13.11.2015 Во екот на грејната сезона, секогаш се актуализира проблемот со шумската мафија. Тогаш повторно стануваат видливи дрвокрадците што роварат по шумите и приватните стоваришта преполни со скапи дрва, а од друга страна зјаат празни складовите во ЈП „Македонски шуми“, каде што канцелариите „крцкаат“ од превработеност.
Покрај тоа што не успева да ја изврши основната функција, претпријатието на своја адреса секојдневно добива обвинувања дека е вмешано во криминалот со дрва. На кој начин се одвива тој, сведочат жителите на струшкото село Радожда. Тие се осмелиле и пријавиле, но нема кој да ги слушне.
 Кражбата на дрва е еден од најисплатливите криминали, бидејќи, годишно, шумската мафија во Македонија заработува околу 12 милиони евра. Ако во текот на годината легално се сечат околу 700.000 кубни метри дрва, според потрошувачката, пресметките покажуваат дека на црно се обезбедуваат најмалку уште 200.000 кубни метри огревно дрво. Овие дрва потоа завршуваат на црниот пазар каде што достигнуваат цена од над 3.500 денари за еден кубен метар.
Овој криминал станува уште поисплатлив ако се има предвид дека во речиси сите случаи досега, според податоците од судовите, дрвокрадците што завршиле пред лицето на правдата добиле условни казни, па затоa се случувало и да го повторат делото, односно од судница повторно да заминат в шума.
 
 
Прочитај повеќе

За да заштити моќници, државата заглави во криминалниот стечај на „Медицинска пластика“

wb_logo.jpg

 16.10.2015 Во пресрет на Законот за заштита на пријавувачите на кривични дела, кој произлезе од преговорите на партиите кои се во тек, „Фокус“ пренесува сторија што им се случува во моментов на пријавувачите на криминал. Случајот со стечајниот управник од Тетово, Миодраг Ѓорѓески, е класичен пример како пријавувачите, па макар и да се работи за милионски суми криминал, немаат никаква заштита. На крајот тој останал без работа, а пријавените ги наполниле имотните листови. Неговата документација што ја предал во сите надлежни институции за гонење организиран криминал како никој да не ја прочитал. А таа потврдува дека уште пред да почне стечајната постапка во „Медицинска пластика“ од Тетово, некој го ограбил имотот

Стечајната постапка за „Медицинска пластика“ од Тетово официјално е затворена во јуни 2013 година и е потпишана од стечајниот судија Томислав Бошковски. Тоа значи дека за неколку месеци, или во јуни наредната година истекува рокот од три години, кога институциите можат да покренат судска постапка доколку имаат сознанија и докази дека е сторено кривично дело во период кога се спроведувал стечајот или, пак, годините пред да почне. Со други зборови, ако до јуни 2016 година не се отвори досие за преиспитување на стечајната постапка, таа ќе биде затворена и прогласена за легална, иако според документацијата на официјални државни органи таа е криминална и проследена со многу законски недоследности!
 
 
Прочитај повеќе

Странски министри летаат од работа поради корупција, а во Македонија отказот го добиваат пријавувачи

wbconf14102015.jpg

 
15.10.2015 „Транспаренси Интернешенал Македонија“ преку дводневна конференција во Скопје ја потенцираше неопходноста од донесување на квалитетен и сеопфатен Закон за пријавувачите на кривичи дела, или т.н. „свиркачи“. Во Македонија веќе се зборува за подготовка на овој закон, бидејќи ЕУ, како дел од договорот од Пржино, бара тој да биде договорен најдоцна до 20 октомври. Законот за т.н. „свиркачи“ постои во многу земји и има за цел да ги заштитат пријавувачите на корупција во јавните или државните органи.

На вториот ден од конференцијата учество зема и претставник од Државната комисија за спречување на корупција, кој што посочи дека е потребно охрабрување на граѓаните и подигнување на нивната свест за пријавување на случаи на корупција, бидејќи само на тој начин ќе се овозможи владеење на правото. Граѓаните и досега можеа да пријавуваат корупција во Комисијата, но од таму не можат да се пофалат со откриени или решени големи корупциски афери. Можеби и затоа од Комисијата како пример за „свиркач“ кој пријавил корупција беше посочен пример од далечната 2003 година кога Симо Груевски пријави корупција во компанијата во која работеше „Телеком“, афера која и ден денеска нема завршница. Исто така важно е да се потсети дека Груевски не ја доби потребната заштита, туку доби отказ од работното место.
 
 
Прочитај повеќе