Повторен повик до ЈО и другите надлежни институции за поефикасно и потранспарентно постапување

platforma_logoa.jpg

 
16.07.2015 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш упатува повик до Јавното обвинителство за поефикасно и потранспарентно постапување по прашањата кои се однесуваат на наводните злоупотреби, незаконитото постапување, корупцијата и нарушувањето на човековите права кои се наведуваат во прислушуваните телефонски комуникации објавени во изминатите месеци што би придонело за градење на довербата во институцијата. 

Покрај тоа, Платформата бара Владата да го вклучи граѓанскиот сектор во имплементацијата на препораките од Извештајот на Прибе, а пред се во набљудување на ефикасноста и ефектите од спроведување на Акциските планови кои ги најави. 

Членките на Платформата изразуваат загриженост од односот на Државната комисија за спречување на корупцијата која и натаму продолжува со своето изолирано и нетранспарентно работење. Комисијата  како независен државен орган со широка надлежност и овластувања за постапување во случаите на кои се однесува ова јавно обраќање, се уште не реагирала на повикот од 25 март оваа година ниту пак одговори на барањето за средба упатено на 15 мај 2015 година. 
 
 
Прочитај повеќе

Советот за етика во медиумите донесе одлука дека жалбата на ТИ-М за написот во ДНЕВНИК е основана

08.07.2015 Совет за етика во медиумите на Македонија ја донесе следната ОДЛУКА: На Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по жалбата на Транспаренси Интернешнл-Македонија за текстот "Холандија поддржува, Тасева бара аместија за Заев и Верушевски", објавен на 01.06.2015 година во електронското издание на Дневник и на 02.06.2015 година во печатеното издание на дневниот весник Дневник и за текстот "Кампањата за свиркачи не е за Заев", објавен на 02.06.2015 година во електронското и на 03.06.2015 година во печатеното издание на весникот Дневник – ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА.

 

 Одлуката на СЕММ можете да ја погледнете во следниот PDF документ:

 pdf TI-M_vs.Dnevnik1.83 Mb

 

 

Прочитај повеќе

Обвинувања и сведоштва за политичката дискриминација на работа

whistleblowers.jpg

 03.07.2015 Во Македонија уште пред повеќе од четири години беше донесен Законот за заштита од дискриминација, но се чини сѐ уште сме на почетокот и не знаеме или не сакаме да се заштитиме. За овој период, ниту една надлежна институција не успеала да ја види политичката дискриминација, или подобро кажано, не се осмелила. Вработени и понатаму се бркаат од работа бидејќи не се однесуваат или не размислуваат во духот на владејачката партија. 
 
Единствената сатисфакција ја добиваат со можноста јавно да ја раскажат голготата и тортурата што ја доживеале, а правдата како и секогаш, ќе ја бараат надвор од Македонија.
 
Партиската книшка, наспроти универзитетската диплома, познавањето на странските јазици, работното искуство и стручноста, сѐ уште е посилниот адут при вработувањето, особено во државната или јавната администрација. Со неа вратите многу полесно се отвораат, а се затвораат за тие што ја немаат, поточно не ја поседуваат онаа вистинската. Па, така, додека едни ѝ се радуваат на новата државничка работа, други секојдневно стравуваат да не го изгубат парчето леб, бидејќи во џебот не ја имаат вистинската документација, доказ за нивната „квалификуваност“.
 
 
 
Прочитај повеќе

Корупцијата и владиното непочитување на владеењето на правото – главни проблеми во Македонија

state-department.jpg

 
25.06.2015 Корупцијата и владиното нецелосно почитување на владеењето на правото се главни забелешки во делот за Македонија во денес објавениот редовен годишен извештај на Стејт департментот за човековите права во светот.  

„Најзначајните проблеми со човековите права произлегуваат од значителните нивоа на корупција и од владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги и континуираните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешање во судството и селективното кривично гонење“, стои во извештајот.

Стејт департментот наведува дека судството во Македонија го карактеризираат политичко мешање, неефикасност и фаворизирање на етаблирани личности во општеството, пролонгирани процеси, прекршување на правото на јавен судски процес и корупција. Извештајот констатира дека недоволното финансирање се одразува врз судските операции и ефикасноста, како и дека бројни судски претставници ја обвинуваат владата дека го користи буџетскиот авторитет за да го контролира судството.
 
 
Прочитај повеќе

Нападната вработена во УЈП:Дали ја терале да сокрие милионски данок ?

wb_logo.jpg

20.06.2015 Вработена во Управата за јавни приходи (УЈП) лично се уверила дека моќта и парите се над законите и прописите. Не само што била соочена со притисок да прекрши закон за некој друг да се стекне со имотна корист, туку и физички настрадала откако се спротивставила и откако мислела дека сепак законот е еднаков за сите. Во обид да биде законита и да не ја оштети државата архиварката во подрачната скопска единица на УЈП одбила да фалсификува документи со кои би се сокрил данок на извесен моќен бизнисмен. Во целата операција биле вклучени и вработени во УЈП на високи позиции преку кои се одвивале заканите кон вработената и настојувањата да се смени документацијата. Целата приказна околу обидот да се затаи данок, а некој да ќари висока сума пари започнува со анонимна пријава на еден вработен во УЈП кој во известувањето до Транспаренси Интернешнл-Македонија навел дека неговите надредени во управата ја искористиле позицијата, но и партиското влијание за да издејствуваат архиварката да им заврши некаква незаконска работа. Кој сакал преку неа да заработи? Кого штителе посочените во пријавата? Дали навистина се преземени мерки против силните играчи? 
 
 
Прочитај повеќе

Демант

02.06.2015 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија ги демантира наводите изнесени во дневниот весник Дневник, во статијата насловена „Холандија поддржува, Тасева бара амнестија за Заев и за Верушевски?“ потпишана од новинарите Лепа Ѓеоргиевска и Катерина Нешкова, објавена во електронското издание на весникот на 01.06.2015 година и во печатеното издание на весникот на 02.06.2015 година.

Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија работи на проекти финансирани од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос. Здружението никогаш до сега не аплицирало, ниту пак добило грант од оваа фондација. Во ова можете да се уверите од ревизорските извештаи достапни на следниот линк:
https://transparency.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=502&Itemid=84

Демантираме дека кампањата за whistleblowers е започната со цел да се заштитат одредени поединци во македонската политика и дека е поврзан со судската одлука за случајот „Пуч“. Кампањата се спроведува во рамки на проектот “Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”кој е започнат на 15.11.2014 година, неколку месеци пред првото објавување на прислушуваните разговори. 

Поради невистинитоста на наводите изнесени во оваа статија, ТИ-М ќе поднесе Барање за извинување и јавно повлекување на објавениот текст и тужба за клевета.
 
 
Прочитај повеќе

Прес – конференција “Заштита на пријавувачите (whistleblowers) низ институционалниот систем во РМ”

whistleblowers.jpg

 02.06.2015 На 02 јуни 2015 год. (вторник) со почеток во 12:30 часот Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија) ќе одржи прес конференција.На прес конференцијата ќе се даде осврт на институционалните механизми на заштитата на whistleblowers. 

Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на организацијата на Ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, спроти Светска Банка.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Средношколски протести

ПРЕДМЕТ: Одговор на прашање

На 05.05.2015 година на нашата Фејсбук страница стигна прашање со следната содржина:
Се извинувам што вака Ви се обраќам, но oвие денови јас како родител на средношколец многу сум збунета, не заради тоа што се сомневам во исправноста на нивната борба, туку заради жестокиот притисок и заканите кои директно и индиректно пристигаат на наша адреса. Затоа сакам само во две реченици да ми напишете дали е можно децата да бидат казнети, избркани од училиште, или тоа се само начини да ги  натераат да се вратат во клупите, и ако не е Ви пречи ме интересира Вашиoт став кон тoа прашање? Уште еднаш Ви се извинувам што си земав за слобода да Ви се обратам, но јас сум невработена, немам некои контакти, и ете по малку се плашам да не ни побегнат работите од контрола… Инаку син ми е сега втора год. во Корчагин, и е одличен ученик, а другиот сега завршува деветолетка. Ви благодарам! Имајте убав ден.“

Со цел да одговори на овие прашања, ТИ – Македонија ги разгледа законските одредби кои се однесуваат на нив.

 

 

Прочитај повеќе

Работилница на тема: „Заштита на пријавувачите низ институционалниот систем во Македонија”

  wb_29042015.jpg
29.04.2015 На 29.04.2015 година, ТИ-Македонија одржа работилница во насока на имплементација на проектот: „Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”, поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
На работилницата присуствуваа: Н.Е. Вршител на должност Амбасадор, Петер Верхејен, поранешниот министер за правда Проф. Д-р Ѓорѓи Спасов, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца- Николовска, новинарот Љубиша Арсиќ од неделникот Фокус, како и триесетина поканети претставници од медиумите, невладините организации, државни институции итн.
На поканата не се отповикаа претставниците на државните институции Државната комисија за спречување на корупцијата и Минуистерството за правда, како најповикани за законско уредување на оваа материја.
 
 
Прочитај повеќе

Судската правда за рударите е подлабока од јамите

wb_logo.jpg 09.04.2015 Седум рудари настрадале во рудникот „Саса“ во последните години, но нивните семејства никако не успеваат по судски пат да ја докажат одговорноста на рудникот, туку мораат да се задоволат само со паричната отштета. Тие се исплашени да преземат нешто повеќе оти управата на рудникот настојува да го замре и синдикатот, кој сѐ помалку ги застапува правата на работниците. Откако го разрешија синдикалниот лидер, другите рудари се под постојан притисок.

Деновите пред Велигден во центарот на Македонска Каменица рударите од „Саса“ построени во ред, примаат по половина јагне за големиот христијански празник. Тоа за момент ќе ја намали нивната сиромаштија и ќе ги направи среќни. Останатите жители на рударскиот град, пак, кои немаат вработени во „Саса“, гласно коментираат дека така сопствениците на рудникот ги прават работниците мирни, безгласни во битката за работничките права. Дури одат и до таму дека кротките рудари, како најбројна група во Македонска каменица, лесно ја манипулираат, особено владејачката партија која си ги користи како бројка на избори.

 
 
Прочитај повеќе