Индекс на перцепција за корупција во 2013 година

Очигледно е дека активностите кои ги преземаат властите се недоволни, а институциите се неефикасни. Недостатоците во владеење на правото создаваат сериозна недоворба на граѓаните во судството и собранието, како институции кои треба да обезбедат гаранција на вледеење на правото, заштита на јавниот интерес и просперитетна држава. Институциите досега не обезбедија доволна гаранција дека одговорните за корупција и незаконско работење нема да уживаат заштита и ќе бидат казнети. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени,„ изјави Проф. Др Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнел Македонија по повод објавувањето на резултатите на ИПК за 2013 година.