Повик за обележување на 9-ти декември-Меѓународниот ден за борба против корупција
09.12.2013 По повод меѓународниот ден за борба против корупција Транспаренси Интернешнл – Македонија на 9-ти декември организира кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата-Повлечи Црвена Линија!“ која ќе се спроведе со почеток од 11 – 13 часот на две локации: пред Домот на културата во Тетово и на плоштад “Слобода” во Штип. ТИ-Македонија ги повикува граѓаните на Тетово и Штип и околните места во тие региони, на 9-ти декемви да се приклучат кон кампањата и да придонесат кон заложбите за осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани.


