Одбележан 9-ти декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата
Тркалезна маса “Граѓаните во борба против корупција” Тетово
Тетово, 06.12.2012 „Граѓаните во борба против корупција“
Регионалната канцеларија на Центарот за Совети и Правна Помош (ЦСПП) на Транспаренси Интернешнл Македонија во Тетово на ден 06.12.2012 година, организираше Тркалезна на тема: „Граѓаните во борба против корупција“ која се одржа во Општинската сала во Тетово. На присутните граѓани на Тетово и претставници на институции од Полошкиот Регион со свои излагања им се обратија Д-р Слаѓана Тасева Претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија и Градоначалникот на Општина Тетово Проф. Др. Сади Беџети.
Владите треба да слушнат за меѓународното негодување против корупцијата
05.12.2012 Меѓународните негодувања против коруптираните влади, присили неколку лидери да заминат од функцијата, но како што се рачисти прашината околу тоа, стана очигледно дека нивоата на поткуп, злоупотреба на сила и тајни договори се сеуште многу високи во многу земји. Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интереншнл во 2012 покажува дека корупцијата продолжува да ги пустоши општествата низ светот.
Две третини од 176 рангирани земји во индексот на 2012 имаат оцена под 50, на скала од 0(преставува високо коруптирани) до 100(се сметаат за многу чисти), покажува дека јавните институции треба да бидат по транспарентни како и официјални владини функционери да бидат по одговорни.
Република Македонија се наоѓа на 69 место со вкупно 43 поени, со што повторно се вброи во групата држави кои имаат оцена под 50. Споредено со државите во регионот Република Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија.
prezentacija_cpi_2012 623.24 Kb
cesto_postavuvani_prasanja 115.10 Kb
azurirana_metodologija 91.81 Kb
kratka_beleshka_za_metodologijata 60.97 Kb
beleshka_na_tehnicka_metodologija 71.61 Kb
Покана за прес конференција
04.12.2012 Невладината организација "Транспаренси Интернешнл – Македонија" на ден 05.12.2012 (среда) ќе одржи прес- конференција со почеток во 10 часот.
Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на Транспаренси Интернешнл – Македонија на (ул. Наум Наумовски Борче 58-спроти Светска Банка ).
На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2012 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – Transparency International.
Презентација од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во медиумите и НВО сектор
Владините реклами ги корумпираат медиумите оценуваат граѓаните
Системски против корупцијата во администрацијата
Антикорупциска не ја контролира актуелната власт
15.11.2012 Граѓаните стекнаа доверба во Антикорупциската комисија, за потоа, со промената на членовите, да се направи упад во независноста, критикува првата претседателка на комисијата Слаѓана Тасева.
Дури и јас лично ги работев и случајот Фершпед и случајот Бачило, од кои едниот имаше судска завршница, а другиот гледаме дека сè уште служи како паричка за поткусурување на нашиот искорумпиран политички пазар и медиумски во случајов. Немаме нешто со што би можеле сериозно да се пофалиме како резултат од работата на комисијата дека завршила со судска разрешница.Слаѓана Тасева, прв претседател на Антикорупциската комисија .
Во ДКСК треба да работат стручни луѓе