Јавни набавки во четири очи
24.08.2011 Јавните набавки се вршат на нетранспарентен начин, при што се остава простор за манипулација со буџетските пари, а одговорноста треба да ја бара јавниот обвинител, велат упатените. Во минатата година на јавни набавки се потрошени 750 милиони евра. Според Бирото за јавни набавки најмногу пари потрошиле Електрани на Македонија, Министерството за транспорт и врски, Службата при Владата, како и Министерството за здравство и Македонски шуми.
Претседателката на Транспаренси Интернејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека најчесто процесот на јавни набавки се врши преку склучување на договори со непосредна спогодба без тендерска постапка.




25.07.2011 Во годишниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирано е дека една четвртина од извршените набавки во јавните институции се реализираат без да се спроведе постапка за јавна набавка.