08.12.2009 По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата 9ти декември – Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо- Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата трета година по ред традиционално ќе се доделат сертификати на компаниите кои беа…
04.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
30.11.2009 Во прилог е третиот број на електронскиот весник на ТНК, посветен на годишната регионалната конференција на "Transparency International" за земјите од Европа и Централна Азија која се одржа во Охрид од 15-17 јуни 2009 година. Електронски весник бр.3 604.26 Kb
23.11.2009 "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите.
17.11.2009 Индексот на перцепција за корупцијата 2009 година (ИПК) покажува дека корупцијата останува сериозен предизвик за целиот регион. Сите земји од регионот постигнаа резултат резултат понизок од 5 ( од вкупно 10) што укажува дека тие се соочуваат со сериозни нивоа на перцепирана корупција во домашниот јавниот сектор.
Во Југоисточна Европа, важноста на потенцијалното членство во Европската Унија неможе да се прецени доколку се смета за главен двигател кој ќе ги поттикне напорите против корупцијата. Замрзнувањето на фондовите за средства во 2008 година претходно доделени на Бугарија, поради недостаток на напредок во борбата против корупцијата и судските реформи, се чини дека ја зајакна позицијата на Европската комисија во нејзините барања за реформи. Не е случајност што тонот на извештаите на Европската Унија за напредокот на кандидатите за пристапување издадени во октомври 2009 година, се софпаѓа во голема мера на оценките во ИПК.
16.11.2009 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција" на ден 17.11.2009 (вторник) ќе одржи прес-.конференција во Хотелот Холидеј Ин (сала Скала 1), со почеток во 10 часот.. На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2009 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – Transparency…
14.11.2009 Најголемиот број поднесени жалби што македонските граѓани ги поднесуваат до Европскиот суд за човекови права се однесуваат на предолгото траење на судските постапки во земјава. Голем дел од постапките што се водат во судовите траат со години и поради тоа граѓаните најчесто се принудени за своето право на пристојно временско судење да го бараат обраќајќи се до Судот во Стразбур. Претставките до Европскиот суд за човекови права поднесени поради долготрајните судски постапки најчесто завршуваат во корист на граѓаните, поради што државата мора да плаќа големи финансиски отштети. Од април минатата година, со измените во Законот за судовите, жалба поради предолг судски процес може да се поднесе до Врховниот суд каде што преку контрола на судовите се проценува дали во одредени случаи постои судење во пристоен рок или тоа ја преминало границата на разумност.
11.11.2009 По три дена од преговорите , две групи на земји сè уште се во двоумење околу тоа дали договорот на ОН ефикасно ќе се справи со корупцијата. Една мала група на земји во моментов врши притисок со предлози за механизам за повторно оценување кој ќе го ублажи спроведувањето до точка на сериозно нарушување на договорот. Овие предлози ризикуваат да ја оставатКонвенцијата без заби.
Корупцијата сериозно ја поткопува демократијата, човековите права и одржливиот развој. Било каков договор е силен како и негова имплементација. Додека Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) има потенцијал да стане глобален анти-корупциски стандард, со ефикасен и транспарентен механизам за оценување ќе биде повеќе од едно парче хартија.
11.11.2009 Почитувани,во прилог е вториот број на билтенот на Коалицијата, "Монитор". Фокусот на ова издание е да се потенцираат позитивните искуства на други механизми, како што дебатата станува жешка денес и утре. Поентата е да се покаже дека тука многу земји, вклучувајќи и некои од тие кои го блокираат напредокот, веќе се следени под еден или друг антикорупциски систем или систем за перење пари. Во сесиите за испитување, се забележува дека постои нееднакво ниво на свест и информации меѓу некои владини делегации за ова прашање.
11.11.2009 Кампањи, реклами, соопштенија и повици на македонската Влада, за кои во 2008. година се потрошени речиси 10 милиони евра, е најматен настан во октомври.
Ова е изборот на главните уредници на печатени и електронски медиуми во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“. Во анкетата учествуваа 19 главни уредници, од кои 11 се определија за владините кампањи.
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.