Државите беа повикани да го потпишат антикорупцискиот договор
10.11.2009 Земјите кои го потпишаа договорот на Обединетите нации против корупцијата се на состанок во Доха, Катар оваа недела за да ја разгледаат имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата. Ова е третата сесија на Конференцијата на државите членки на оваа конвенција, која стапи во сила во декември 2005 година.
Седницата била отворена од страна на Јавниот обвинител на Катар, Др. Али Ал – Мари, во присуство на неговото височество, шеикот Тамин Бин Хамад Ал – Хани. Др. Ал – Мари ја опиша конференцијата на државите членки како “ меѓу владин пар екселанс форум за борба против корупцијата“.