Покана до медиумите

22.09.2008 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција", контакт членка на Transparency International, на ден 23.09.2007 (вторник) ќе одржи прес- конференција во Хотелот Континентал (казино сала), со почеток во 10 часот.   На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2008 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба…

Прочитај повеќе

Политичките критериуми најслаба точка

 ec

20.09.2008 Македонија бележи напредок во спроведување некои од реформите неопходни за интеграција во ЕУ, но мора да работи уште на политичките критериуми, оцени Петтиот комитет за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Претставниците на Европската комисија, предводени од Пјер Мирел, директор во Директоратот за проширување, најмногу забелешки имаа за функционирањето на политичките институции, за начинот на кој беа спроведени изборите, како и за донесувањето закони со итна постапка во Собранието.

 

Прочитај повеќе

Нема кој да ја сотре изборната корупција

election2006

 20.09.2008 Останува тајна кој ги финансираше кампањите на политичарите за време на вонредната изборна трка. Со тенки извештаи, кои повеќе личат на сметки од бакалница, а не и на сериозен отчет, партиите јасно ставаат на знаење дека не дозволуваат влез во трага на парите. Наспроти законската обврска, во последните два изборни циклуса, 2006 и 2008, политичарите ги кријат спонзорите кои плаќаат за спектакуларни митинзи, скапи телевизиски спотови, рекламен материјал, маркетинг-агенции…


Јавноста останува без одговори кој, како и зошто инвестира во избори. Невладините тела редовно повторуваат колку е важна отвореноста. На ова потсетуваат и ОБСЕ/ОДИХР за кои молчаливоста на учесниците во изборната трка е недозволива.

 

Прочитај повеќе

Македонија седумдесет и прва на листата Doing Bussiness

doing_business_2008 10.09.2008 Македонија е рангирана на 71 место на листата “Doing Bussiness” на Светската банка за 2009 година, што е за осум скалила подобро во однос на минатата година.Македонија, според извештајот, го подобрила бизнис опкружувањето со новиот закон за заштита на податоци, со воведување на системот за електронска распределба на случаи во судовите, како и со активирање на трговскиот суд.


Исто така се нагласува дека данокот на добивка е намален на 10 насто од почетокот на 2008 година, а реформата на Катастарот го намалила времето за регистрирање на имот од 98 на 66 денови.

 

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец август 2008

bistromatno 10.09.2008 Донесувањето на измените на Законот за енергетика, дури во трет обид, и пречекорувањето на политичките партии на лимитите за финансирање на кампањите се, речиси рамноправно, најматни настани во август.

Ова е оценка на 17 главни уредници во највлијателните печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

Според гласањето, најбистар настан, е поднесување на кривична пријава против вработен во Фондот за здравствено осигурување, обвинет за измама.

 

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

kmno0409200805.09.2005 На иницијатива на “Транспарентност – Нулта корупција, во рамките на проектот Култура на законот наспроти корупцијата 2008” на ден 04.09.2008 г. е основана КОАЛИЦИЈА МАКЕДОНИЈА НУЛТА КОРУПЦИЈА. Членови на оваа Коалиција се 18 невладини организации од целата територија на Република Македонија, кои исклучиво се занимаваат со унапредување на демократските процеси на земјата.                                                                                                                                                                                                                                                      Коалицијата има за  цел да се зајакне граѓанскиот сектор во делот на борба и превентива против корупцијата, развивање на системот на добро владеење на локално ниво, создавање на поволен амбиент за економски развој и квалитетни странски инвестиции, зајакнување на капацитетите на антикорупциското делување на граѓанското општество, остварување на соработка со соодветни ислични организации во регионот, како и подобрување на животот на граѓаните.  

Прочитај повеќе

Законот за енергетика може да ја чини државата стотици милиони евра

energetika 19.08.2008 Дали на Владата ќе и' се случи ОКТА по втор пат? Измените во Законот за енергетика, кои неделава треба по трет пат да се изгласаат во Собранието, можат да ја чинат државата повеќе стотици милиони евра. Како што дознаваме неофицијално, ЕВН-ЕСМ најверојатно ќе ја тужи Владата пред меѓународните судови поради измените кои ќе и' донесат финансиска штета на компанијата. Според наши извори, ЕВН-ЕСМ не седи со скрстени раце, подготовките за тужба се во тек, се чека само измените да бидат објавени во „Службен весник“ за да може потоа официјално да се реагира. Главниот адут на компанијата ќе биде прекршувањето на Договорот меѓу Македонија и Австрија за поттикнување на инвестициите, склучен во 2002 година. Бидејќи со законските измени се менуваат условите за стопанисување, што ќе и' донесе на компанијата загуби, наместо профит. Според некои пресметки , признавањето само на 11 отсто од загубите ќе и' донесе на компанијата загуби од околу 20 милиони евра годишно. На ова од ЕВН-ЕСМ предупредија уште лани есента, кога беа донесени законските измени.
 
Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец јули 2008

bistromatno 10.08.2008 Политизација на правото и борбата против корупција во случајот „Глобал" е најматен настан во јули, додека најбистри се апсењето на инспектори за примање поткуп и антикорупциските мерки во образованието".

Ова е оценка на 14 главни уредници во највлијателните печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

 
Прочитај повеќе

Македонија – борба против корупцијата

udripari 25.07.2008 Државната антикорупциска комисија покренува постапки за сите лица кои има доставено преставки или има сознанија за корупција без разлика дали се тие дел од владата, владеачката партија или опозицијата вели членот на комисијата Ариф Муса

,,Ние постапуваме така како што доаѓаат предметите. Значи, воопшто не не засега дали лицето е во опозиција или позиција, ние постапуваме како што ни налага законот."

Овој коментар на Муса догаа по обвинувањата од страна на опозоцијата дека се водат постапки само против нив.Тој тврди дека деновиве работат и на предмет повзран со граноналник кој и припага на партиите од власта:

,,Еве можеби за една недела или две ќе има иницијатици од наша страна за некои градоначалници, од опозицијата и од сегашната позиција."

 

Прочитај повеќе

Државата ќе може да експропира енергетски објекти

energetika 19.07.2008 Државата, доколку оцени дека станува збор за национален интерес, во иднина ќе може да стави рака врз значајни енергетски капацитети. Ова е суштината на новините во законите за експропријација, а поврзани со Законот за енергетика, кои вчера по итна постапка ги донесе Собранието, и покрај реакциите во стручната јавност дека измените се донесени тајно, без поширока расправа и засегаат во интересите на инвеститорите. За измените и дополнувањата на Законот за експропријација гласаа 67 пратеници и ниту еден против и воздржан.

 

Прочитај повеќе