Судството во партиски раце
27.03.2009 Власта инсталира свој кадар во судовите, а двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со голема жестокост не одбираат средства за да остварат политичка доминација во судството. Вака оценуваат дел од познавачите на оваа област, според кои и покрај напредокот во судството што го констатира Европската комисија, сметаат дека не се ни оддалеку розови. Судството заедно со полицијата и борбата против криминалот и корупцијата беа апострофирани како една од посветлите точки во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

