Судството доби преодна оцена од европските монитори
02.06.2008 Македонското судство, генерално, доби позитивна оцена од Европа. Во извештајот за судството на Европската мисија за оценување подготвен од Шпанецот Хорхе Еспина се наведува дека се спроведени голем број клучни реформи и се донесени соодветни закони, но наедно се укажува и на повеќе недостатоци во оваа област. Мониторингот е спроведен од 10 до 14 март годинава, кога неколкучлената европска делегација оствари повеќе посети на правосудни институции.
Уште во самиот почеток на извештајот, подготвувачот констатира дека европскиот судски сектор нема применливо законодавство да ја води земјата-кандидат и оти постои широка разновидност на системи за регулирање на институционалната структура на судството.Оттаму, Европската комисија секогаш сакала да ги насочи земјите со кандидатски и преткандидатски статус да ги применат системите кои се соодветни за нив.