03.04.2008 Од планираните 156 закони, колку што минатата година требаше да бидат усогласени со европската легислатива, Македонија усвои 126, односно малку повеќе од 80 отсто, што претставува добар процент на хармонизација на македонското со европското законодавство, истакна министерот за правда, Михајло Маневски, на научната расправа „Методи на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ“ во МАНУ. „Од страна на Европската комисија беше потенцирано дека шесте политички и двата економски приоритета се главните определници на Македонија за добивање датум за преговори. Тие се однесуваат на обезбедување соодветно спроведување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, натамошно зајакнување на независноста на правосудскиот систем, борбата против корупцијата и создавање деловна клима, зајакнување на независноста на регулаторните тела и забрзување на правните постапки и на продолжување на регистрацијата на имотните права“, рече министерот Маневски.