Извештајот на ГРЕКО поминал на владина седница, се очекува негово објавување
Во следните неколку дена на пресконференција заедно ќе го објавеле министерот за правда Блерим Беџети и претставничката на Македонија во ГРЕКО Анета Арнаудова.
Завчера невладнината Транспаренси интернешнал обвини дека власта три месеци по објавувањето го крие извештајот. Се сомневаа дека намерно одбегнува да го објави овој извештај бидејќи содржи неповолни оценки во однос на државниот завод за ревизија, со што се обидува да го скрие нивото на корупција во Македонија.