Стразбур експресно го прифати случајот Пауноски
19.05.2008 Судот за човекови права во Стразбур експресно ја прифатил апликацијата на ексминистерот за одбрана Љубен Пауноски, со која тој на Судот му испратил факти за повреда на правото за правично судење, за правото на еднаквост на странките, за правото за докази и сведоци, за судење во разумен рок, факти за повреда на правото на семејна и приватна сигурност, повреда на правото на јавно изразување…Пауноски, некогашниот министер во Владата на Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година и член на највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, првиот пат беше осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања и за наводна проневера на три милиони марки (милион и пол евра) и по автоматизам притворен. Судењето по одлука на Апелациониот суд во Скопје беше вратено кај истиот судија. Втората изречена затворска казна што ја потврди и второстепениот суд е за една и пол година помала.

