Crown Agents за 7,5 млн. евра ќе ги зајакнува капацитетите на Царината
18.10.2007 Царинската управа на Македонија дополнително ќе ги зајакнува своите капацитети со помош на консултантски услуги на специјализирана агенција. Ова денеска во Скопје го соопшти министерот за финансии Трајко Славески, кој што во име на македонската Влада пред неколку дена потпишал договор со британската агенција Crown Agents. „Договорот е вреден 7,5 милиони евра, а е потпишан за наредните 24 месеци“, рече Славески прецизирајќи дека износот ќе биде исплатен пропорционално од буџетите за 2007, 2008 и 2009 година. |