Потпишан меморандум за соработка за формирање на платформа за набљудување на изборите
11.02.2016 Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Центарот за економски анализи и Цивил – Центар за слобода, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел формирање на транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана на Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од страна на граѓански организации, како и промоција на заеднички стандарди и начини на однесување во текот на процесот. Декларацијата е потпишана на 3 април 2012 година под покровителство на Обединетите Нации, поддржана е од страна на повеќе меѓувладини организации, а потпишана е од страна на 160 невладини организации од целиот свет.

