Македонците не се подготвени за компромис со Грција
03.02.2010 Македонското јавно мислење во моментов не е подготвено да прифати било каков компромис со Грција во врска со промена на уставното име.
Ова го покажува најновата анкета на агенцијата Рејтинг направена за потребите на невладината Транспарентност-Нулта корупција.
Анкетата покажува дека етничките Македонци стравуваат бидејќи промената на името може да доведе и до загрозување на македонскиот национален идентитет.