Барометар на корупција за месец октомври 2009 г.
11.11.2009 Кампањи, реклами, соопштенија и повици на македонската Влада, за кои во 2008. година се потрошени речиси 10 милиони евра, е најматен настан во октомври.
Ова е изборот на главните уредници на печатени и електронски медиуми во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“. Во анкетата учествуваа 19 главни уредници, од кои 11 се определија за владините кампањи.



