Се прислушува без контрола

listeningdevice 

23.05.2007 Постојат сериозни индиции дека следењето на комуникациите, аудиовизуелното снимање и користењето лица со прикриен идентитет како посебни истражни мерки се злоупотребуваат. Тие, наместо да помогнат во спречувањето на криминалот, се користат како алатка за повреда на човековите права, предупреди вчера Македонскиот хелсиншки комитет. Во веќе процесуирани шест судски предмети, врз кои е вршен мониторинг, се регистрирани големи недостатоци во процедурата на нивното користење, а судот, за жал, со своите одлуки само ги легализирал.

– Застрашува тоа што надлежната собраниска комисија, која иако постои, досега нема ниту една анализа ниту реакција за примената на посебните истражни мерки – истакна на вчерашната прес-конференција адвокатот Сашо Дукоски. 

Прочитај повеќе

Правобранителството добива поголема самостојност

znaknapravdata 

22.05.2007 Јавното правобранителство во Македонија, кое сега е владина служба, во иднина ќе функционира како самостоен орган според модел многу сличен на оној што постои во Република Ирска. Мандатот на челниот функционер во институцијата се зголемува од четири на шест години, а притоа останува правото на повторен избор за исто толку години. Оглас за правобранител распишува Владата, а потоа и одлучува за именувањето на предлог на министерот за правда. Другите државни правобранители наместо четиригодишен ќе имаат траен мандат, исто како судиите. Ова се најсуштинските новини во законот за државно правобранителство кои се веќе проследени во парламентот за разгледување и усвојување, по скратена постапка.

Станува збор за редефинирање на статусот на Правобранителството согласно со современите тенденции, компаративните искуства на други земји, а пред се' со уставното уредување. И во европските, и во државите од најблиското опкружување правобранителствата се посебни тела, но со различна организациска поставеност. Имотните права на Хрватска ги заштитува тело во рамките на правосудниот систем, а во Словенија функционира самостоен орган. 

Прочитај повеќе

Работилница посветена на ИТ секторот

 it

18.05.2007 Во рамките на проектот „Подобрување на корпоративното управување за ‘0’ толеранција кон корупцијата“, Нулта корупција, денес ја одржа шестата работилница посветена на Информатичкиот сектор.

  

Претставниците од ИТ секторот во својата дискусија ги посочија главните облици на корупција со кои се соочуваат и ги дадоа своите видувања за начините и потребните механизми за успешно справување со истата во рамките на овој сектор. Препораките од денешната, како и од претходно одржаните работилници ќе бидат искористени за изработка на унифициран етички кодекс, чие што прифаќање од страна на стопанските субјекти ќе придонесе кон поуспешно корпоративно управување.

 

Професорката Антонија Јосифовска од факултетот за бизнис и економија истакна дека е неопходно приватниот сектор да се сврти кон себеси и да ги идентификува своите слабости и преку личното однесување да покаже дека е подготвен да се справи со корупцијата.

 

Професорот Горан Коевски од Правниот факултет препорача самиот сектор внатрешно да ги прифати минималните стандарди на корпоративната одговорност преку усвојување на етички кодекс, затоа што напредокот на бизнисот е секогаш чекор напред пред легистлативата. Со текот на времето успешните едички кодекси можат да прераснат во закон.

Прочитај повеќе

Изјава за Светска банка од Транспаренси интернешнал

ti 

18.05.2007 Заминувањето на Пол Волфовиц од претседателското место на Светската банка отвора врата за новото раководство на банката и виталните управувачки структури да ја задвижат анти-корупциската стратегија напред. Имплементацијата на стратегијата станува критична доколку банката настојува да ја исполни мисијата за намалување на сиромаштијата. 

 

На 17 април, Транспаренси Интернешнал (ТИ) повика стратегијата да остане врвен институционален приоритет. Нејзината успешна имплементација бара потпора од широк ранг на надворешни и внатрешни чинители,  вклучувајќи ги владите и граѓанското општество, чија поддршка се доведе во прашање со кризата. Националните ограноци на ТИ, ширум светот, се загрижени дека на напорите на банката за унапредување на анти-корупциската реформа во нивните земји е нанесена штета и дека е потребна итна акција за да се обнови кредибилитетот на банката. Капацитетот на банката да се заложи, со нив и со другите граѓански организации, зависи од новото, динамично и кредибилно раководство.

Прочитај повеќе

Катастарот се чисти од митаџии

katastar

 16.05.2007  Околу педесетина службеници во Државниот завод за геодетски работи биле преместени да работат во друг град бидејќи навреме не ги завршиле предметите или ги решавале преку ред. Таквиот однос на службите во Катастарот се провлекуваше со години наназад и најчесто оваа институција беше посочувана како пример за мито и корупција и главниот кочничар за влез на странските инвеститори. Директорот на Државниот завод, Љупчо Георгиевски ветува дека ќе стави крај на ваквото комотно работење на службите во Катастарот.

– На неколку вработени им е изречена суспензии, а против неколкумина се поднесени и кривични пријави. Во Катастарот воведовме строги критериуми и вработените добија наредби да ги решаваат предметите најбрзо што можат. Сега имотните листови ги издаваме за само еден час – вели Георгиевски.

 

Во моментов, бројот на нерешени предмети во Катастарот е околу 11.000. Георгиевски вели дека до пред една година таа бројка изнесувала 21.000 во која имало предмети што датираат од 2003 и 2004 година.

Прочитај повеќе

Сите Г8 држави мора да ја ратификуваат Анти- корупциска

tiконвенција на ОН

15.05.2007 На состанокот на претставниците на граѓанското општество со германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел се заложи групата од осум индустријализирани нации да усвојат посилнен став против корупцијата на самитот во јуни во Хелигендам, Германија.

 

„Германското претседавање со Г8 досега покажа дека го разбира значењето на доброто управување и анти- корупцијата, продолжи Лабел. „Но не смее да се застане тука. Како претседавач со Г8, германија има посебна обврска да ја води Г8 кон сигурноста дека анти-корупциските мерки се централен интерес помеѓу обврските во Хелигендам и силно ќе се рефлектираат во финалното комунике. “ 

 

Корупцијата е примарниот предизвик за силна и стабилна глобална економија. Нејзиното намалување е од суштинско значење за зголемување на материјалната добробит и човечкиот развој во светски најнепривилигираните заедници, за поткрепување на демократијата, заштита на био- различноста, и засилување на глобалната инвестициска клима. 

 

Во продолжение на состанокот Лабел ја повика Германија неодложно да ја ратификува Конвенцијата на ОН против корупција, патоказот во глобалната законска рамка.  

Прочитај повеќе

Судскиот совет ќе се комплетира неделава

sudskisovet 

13.05.2007 Судскиот совет ќе биде комплетиран во текот на неделава, ветуваат припадниците на етничките заедници. Според извори на Вечер, малцинските групи се подготвени да попуштат во дел од новните барања, по што Советот по половина година конечно ќе може да ги добие останатите пет члена, двајца по предлог на претседателот Бранко Црвенковки и тројца избрани од страна на пратениците во Собранието. Според нашиот извор, во текот на неделата ќе биде надмината спрегата меѓу припадниците на етничките заедници и ставот на Владата.

И пратеникот Кенан Хасипи, претседател на пратеничката група на етничките заедници вели дека иако до сега немало нови преговори со Владата, време е неделава конечно да се затвори тоа прашање.
Мораме во текот на неделава да го дефинираме тоа и конечно д а се донесе став. Веќе влеговме во теснец со време и мислам дека треба да се заврши со тоа. Верувам дека ќе има поконкретни работи за зборување деновиве, крајно време е да се стави крај на тоа и да се формира Судскиот совет" – ни изјави вчера Хасипи.

Според него, тие остануваат со истите барања, но сепак, како што кажа има простор да се најде соодветно решение.  

Прочитај повеќе

Потпишан меморандум за соработка

   logo_eng_jpg     

all4fairtrial10.05.2007 Здружението "Нулта- корупција" потпиша меморандум за соработка коалицијата „Сите за правично судење“. 

Во имплементацијата на проектот „Проценка на потребата за развој на Програмата за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во република Македонија“, двете организации ќе спроведат интензивни проектни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и  јавна презентација на добиените податоци.

Како основни приоритети се поставуваат силните заеднички заложби за успешно справување со коруптивните кривични дела во Република Македонија, зацврстувањето на соработката помеѓу Јавното обвинителство, судовите и Државната комисија за спречување на корупција, како и сите релевантни институции чија цел е справување со корупцијата.

Една од позначајните цели на овој проект е подигнувањето на нивото на јавната свест за потребата од бескомпромисно и брзо решавање на случаите на корупција.

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец Април 2007 г.

bistromatno 

09.05.2007 Постапките на Јавното обвинителството (ЈО) на Македонија во случаите Томчаки компани и доктор Докиќ се најматен настан во април годинава во сферата на корупција-антикорупција.

Ова го покажаа редовната месечна анкета „Барометар на корупцијата“, што ја спроведуваат невладината организација „Нулта корупција“ и Независната новинска агенција Макфакс, а во која гласаат уредници на национални медиуми во Македонија.

Според нивна оценка најпозитивен настан во борбата против корупцијата во април е брзата судска постапка во случајот „Бачило“.

„Јавното обвинителство во месец април покажа недоследност во постапувањето во однос на законските овластувања што ги има и начинот на кој истите ги применува“, во случаите Томчаки компани во Кочани и случајот на апсењето на доктор Дејан Докиќ во Скопје.

Во првиот случај и покрај големиот грабеж на стотици граѓани JO оцени дека ’нема сигурни докази за тоа дека брачната двојка, сопственици и управители со компанијата, извршиле кривично дело измама’, не предложи мерка притвор. Според известувањата во медиумите, обвинителот размислувал да ги упатат стотиците измамени на граѓанско-правен спор.

Во случајот со доктор Дејан Докиќ и „покрај тврдењето на полицијата дека има соодветни и квалитетни докази обезбедени со специјални истражни мерки, ЈО поднесе обвинителен предлог во кој именуваниот се товари за против законско посредување, а не за поткуп.

„Со постапките во овие два случаја се поткопува довербата на граѓаните во институциите и во решителноста за неселективна и професионална борба со корупцијата“.

Со ова образложение се согласија 8 од 18 – те главни уредници колку што учествуваа во гласањето во април. 

Прочитај повеќе

Над милион заостанати судски предмети

sud-arhiva 

08.05.2007  Министерот за правда Михајло Маневски на вчерашната проширена седница на Судскиот совет на Македонија најави дека ќе се прави закон за судење во разумен рок. Тој уште еднаш побара судиите да не бидат комотни и да почнат да се однесуваат поодговорно, менаџерски и реформски. "Факт е дека некои судии се однесуваат многу ноншалантно. Кој ги контролира кога доаѓаат, а кога си одат од работа? Освен тоа, претседателот на Врховниот суд Дане Илиев во последно време укажува на еден сериозен проблем – квалитетот на пресудите и на одговорот на жалбите е катастрофално слаб", рече Маневски. Тој додаде дека го боли глава кога ќе ја види бројката од над милион незавршени, заостанати предмети во судовите и апелираше судиите да престанат да се жалат дека им е тешко, зашто граѓаните повеќе не може да се убедат во тоа. 

Прочитај повеќе