Македонија е последна на Балканот според буџетската транспарентност

 

buxetska_otvorenost_-_sporedba.jpg

 
23.01.2013 Македонија, според последната ранг листа на Иницијативата за буџетска транспарентност (OPEN BUDGET INITIATIVE), се најде во претпоследната група земји кои обезбедуваат минимални информации за буџетските документи и буџетскиот процес. Со вредност на индексот од 35 поени, земјата е рангирана на 68 место од 100 земји.
Со ваков резултат, Македонија е заедно со Ангола, Буркина Фасо, Доминиканска Република, Еквадор, Либан, Малезија, Мароко, Сао Томе и Принципе, Србија, Сиера Леоне, Тајланд, Тимор-Лесте, Тринидад и Тобаго, Венецуела. Споредено со балканските земји, Македонија лани има најниска вреднoст на индексот. Со неа во претпоследната група е само Србија.
Прочитај повеќе

Судијата Саливан треба да реши што понатаму во случајот Телеком

 

magyar_telekom.jpg

19.01.2013 Телеком во Македонија и во Црна Гора, биле разгледувани аргументите на двете страни за надлежноста на судот во Њујорк.

 Во новото рочиште во судскиот процес за коруптивните активности на Маѓар Телеком и на Дојче Американската Комисија за хартии од вредност, која го покрена процесот против тројцата поранешни директори во Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, докажува дека Јужниот окружен суд во Њујорк има надлежност во процесот, поради тоа што Т-Мобајл е компанија која дејствува и на американскиот пазар, а дел од комуникацијата која ја воделе обвинетите менаџери поминала низ САД.

Прочитај повеќе

Фридом хаус – Македонија, делумно слободна земја

freedomhouse.jpg

17.01.2013 Македонија, во најновото издание на „Слобода во светот“, годишен извештај на невладината организација за човекови права со седиште во Вашингтон, Фридом хаус, е во групата на делумно слободни земји. Во извештајот се констатира дека генерално има пад во почитувањето на слободите во светот.

 Во извештајот во кој се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи во 195 земји во светот во текот на минатата година, Македонија се најде во групата на делумно слободни. 

​​Во неа, меѓу другите се и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Украина и Пакистан. Како слободни земји од Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска.

Прочитај повеќе

ТИ-Македонија го одбележа светскиот ден за борба против корупцијата

По повод 09 Декември светскиот ден за Борбата Против Корупцијата, на 08.12.2012 година Transparency International – Macedonia организираше кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата -Повлечи Црвена Линија “. Кампањата се одвиваше во три градови Скопје, Штип и Тетово каде ТИ-Македонија има свои канцеларии.

Во Скопје кампањата се одвиваше на локација каде има голема фреквениција на  граѓани. Беа опфатени  двете пешачки зони на приземјето на влезот на Градскиот Трговски Центар-ГТЦ. Граѓаните, преку поставениот штанд и банери, понатаму преку делење на флаери и разговор беа информирани за работата на ТИ-Македонија и нејзините активности. Имаше граѓани ,  кои особено беа заинтересирани за кампањата “Повлечи црвена линија” и како функционира www.prijavikorupcija.org.  На нив им беше демонстрирана целата процедура од пријавување на случај до разгледување на веќе поставени пријави според локација и категории.
   

Погледнете го видеото

Прочитај повеќе

Одбележан 9-ти декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата

 

__._____.png

 

 
 Скопје 07.12.2012, Со конференција на која првпат на една маса седнаа претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, на невладиниот сектор, на Министерството за правда, приватниот сектор и меѓународните организации ОБСЕ и УНДП, денеска беше одбележан Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9. декември. 

Македонија, како што истакнаа ученсиците на конференцијата, напреднала во борбата против корупцијата, но се укажува на имплементација на законите. 

Врз основа на истражување направено од ОБСЕ и ДКСК за перцепцијата на корупцијата во областите образование и спорт, јавна администрација, медиуми и граѓанско општество, општ е впечатокот дека корупцијата е многу присустна.  – Но на прашањето како ја ценат корупцијата во трите области споредено со претходните четири години, поголем е пронцетот на тие што велат дека е нешто намалена, изјави Мира Димовска, член на ДКСК. Тоа, според неа, значи дека тоа е позитивен тренд што треба да го задржиме. 

 

Прочитај повеќе

Тркалезна маса “Граѓаните во борба против корупција” Тетово

 

 

__.jpg

Тетово, 06.12.2012 „Граѓаните во борба против корупција“

 

Регионалната канцеларија на Центарот за Совети и Правна Помош (ЦСПП) на Транспаренси Интернешнл Македонија во Тетово на ден 06.12.2012 година, организираше Тркалезна на тема: „Граѓаните во борба против корупција“ која се одржа во Општинската сала во Тетово. На присутните граѓани на Тетово и претставници на институции од Полошкиот Регион со свои излагања им се обратија Д-р Слаѓана Тасева Претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија и Градоначалникот на Општина Тетово Проф. Др. Сади Беџети.

 

Прочитај повеќе

Владите треба да слушнат за меѓународното негодување против корупцијата

press_cpi_2012.jpg 05.12.2012 Меѓународните негодувања против  коруптираните влади,  присили неколку лидери да заминат од функцијата, но како што се рачисти прашината околу тоа, стана очигледно дека нивоата на поткуп, злоупотреба на сила и тајни  договори се сеуште многу високи во многу земји. Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интереншнл во 2012 покажува дека корупцијата продолжува да ги пустоши општествата низ светот.

Две третини од 176 рангирани земји во индексот на 2012 имаат оцена под 50, на скала од 0(преставува  високо коруптирани) до 100(се сметаат за многу чисти), покажува дека јавните институции треба да бидат по транспарентни како и официјални владини функционери  да бидат по одговорни.

Република Македонија се наоѓа на 69 место со вкупно 43 поени, со што повторно се вброи во групата држави кои имаат оцена под 50. Споредено со државите во регионот Република Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија.

 

pdf prezentacija_cpi_2012 623.24 Kb

pdf tabela_cpi_2012 139.72 Kb

pdf cesto_postavuvani_prasanja 115.10 Kb

pdf azurirana_metodologija 91.81 Kb

pdf kratka_beleshka_za_metodologijata 60.97 Kb

pdf beleshka_na_tehnicka_metodologija 71.61 Kb

 

 

Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

ti.jpg 04.12.2012 Невладината организација "Транспаренси Интернешнл – Македонија" на ден 05.12.2012 (среда) ќе одржи прес- конференција со почеток во 10 часот.
Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на Транспаренси Интернешнл – Македонија на (ул. Наум Наумовски Борче 58-спроти Светска Банка ).
  На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2012 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – Transparency International.

 

 

 

Прочитај повеќе

Презентација од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во медиумите и НВО сектор

 

--iii.jpg

29.11.2012 Државната комисија за спречување на корупција во соработка со Транспаренси Интернешнал – Македонија и подршка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 29.11.2012 во Скопје организираше јавна дебата на тема “Презентација на резултатите од истражувањето за корупцијата во медиумите и граѓанско општество”
Истражувањето кое го подготви Агенцијата Рејтинг, покажува дека повеќето од половината анкетирани сметаат дека медиумите во Македонија не известуваат објективно (54%), а дури 60 % веруваат дека корупцијата е многу или средно распространета по различни основи, како промоцијата на партиските политики и распределбата на владините пари за рекламирање се начини преку кои можат да се корумпираат медиумите.
 
 
 
 

Прочитај повеќе

Владините реклами ги корумпираат медиумите оценуваат граѓаните

 
 

.jpg

 
29.11.2012 Владините реклами ги корумпираат медиумите сметаат граѓаните.Дури 44,3 отсто веруваат дека распределбата на средствата за владините кампањи во медиумите е најраспространета корупција.
 
Во анкетата спроведена од ОБСЕ, Антикорупциската комисија и Транспарени Интернешнл Македонија, висок е и процентот кои одговориле со „многу“ на прашањето Дали според вас има многу, средно, малку или воопшто корупција во медиумите при финансирањето на медиумски содржини од страна на Владата, 41 отсто дале одговор многу, а само 13 % веруваат дека нема корупција.
Прочитај повеќе