Давањето поткуп сеуште е многу високо распространето низ светот, но луѓето се спремни да се борат

Барометарот на глобална корупција 2013 е истражување кое е спроведено од 114,000 граѓани во 107 држави и ја покажува корупцијата широко распространета низ светот. 27 % од испитаниците дале поткуп кога имале пристап до јавните сервиси и институции во последните 12 месеци, откривајќи дека нема подобрување од претходното истражување.
Сеуште, приближно девет од 10 лица од истражувањето кажуваат дека тие би реагирале против корупцијата и додека две третини од нив кои биле прашани да дадат поткуп одбиле, сугерирајќи дека владата, граѓанскиот и бизнис секторот треба да направат повеќе за да ги ангажираат луѓето во борбата против корупција. Во Македонија податоците говорат дека 82% од испитаниците се спремни да се борат против корупцијата.