Повик за волонтирање

15.11.2013 Транспаренси Интернешнл – Македонија има потреба од волентер/ка со завршен правен факултет, мотивиран/а да се стекне со ново работно искуство во граѓанска организација чија основа цел е да воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата. ТИ-Македонија во текот на спроведувањето на програмските активности има потреба да регрутира волонтер/ка кој сериозно ќе пристапи кон обврските и несебично ќе се вложи во текот на нивната реализација.

Волонтерскиот ангажман е предвиден во период од 3 месеци, при  што рокот на пријавување е до 30 ноември 2013. Сите заитересирали лица кои сакаат да аплицираат на повикот за волонтирање потребно е да испратат биографија и мотивационо писмо на следнава маил адреса: job@transparency.org.mk

Ви благодариме за вашиот интерес и желба да волонтирате во Транспаренси Интернешнл-Македонија.

 
Прочитај повеќе

Исполнетост на критериумите утврдени со закон за именување на член на ДКСК

dksknatpis.jpg 14.11.2013 Зружението Транспаренси Интернешнл – Македонија  на 11.01.2013 година се обрати до Собранието на Република Македонија со Барање за пристап до информации од јавен карактер во однос на следните информации:

1.    Дали условите зададени во Законот за спречување на корупцијата ги исполнува членот на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата госпоѓа Љубинка Корабовска;
2.    Кои докази се приложени како потврда за исполентост на законските предвидените услови за госпоѓата Љубинка Корабовска да може да биде именувана за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата;
3.    Бараме копија од приложените докази за исполентост на законските предвидените услови при именувањето на госпоѓа Љубинка Корабовска за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата.

 

 

Прочитај повеќе

Сторија: Струшки рибар во апсурдни битки со судовите

12.11.2013 Наум Пејоски е еден од најстарите и најпознатите струшки рибари. По езерото, негова најголема љубов се мрежите кои грижливо ги чувал и собирал со години. Чичко Наум повеќе не лови риба, а остана и без своите мрежи вредни 30 илјади евра – наменети за неговите деца и внуци, исто така рибари. Голготата на струшкиот рибар Наум од селото Радожда започнува во Јули минатата година.

Таа ноќ, на 27, полицијата влегува во неговата семејна куќа. Бараат дрога, но дрога нема. Пленот на полицијата е 2 кила смрзнат крап и уште понекоја белвица. Но, и мрежите на стариот рибар…Чичко Наум сега се бори на два фронта – со судовите и со апсурдноста на законите. Погледнете ја целата сторија во видеото
 

Прочитај повеќе

ДЗР со негативно мислење за финансиските извештаи на министерството за здравство

 minzdravstvonatpis.jpg06.11.2013 Во последниот извештај од ревизијата на финансиските извештаи, ревизорите констатирале дека во Министерството нецелосно е спроведен пописот на средствата, побарувањата и обврските, односно не е извршено усогласување на фактичката со сметководствената состојба на средствата, а пописот на обврските е формално спроведен со преземање на податоците од сметководствената евиденција.
„Заради погрешно спроведените сметководствени принципи и начела во делот на спроведување на сметководствените трансакции и поради несоодветни комуникации и проток на информации и документи помеѓу секторите, најзначајните билансни позиции се погрешно, неосновано искажани во поголем износ што има влијание на реалното и објективното искажување на финансиските извештаи“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.
 
 
Прочитај повеќе

ЕУ со забелешки за парите на партиите

denarivrzani.jpg30.10.2013 Недостатокот на транспарентност и отчетност на политичките партии за нивното финансирање претставува предмет на загриженост, се наведува во најновиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Во него стои дека спроведувањето на правната рамка за финансирање на политичките партии и понатаму има недостатоци.

 „И покрај измените во законодавството, преземени се ограничени активности во однос на мерките за информирање на политичките партии за нивните обврски за известување, а потребен е и систем за порационален и проактивен надзор и изрекување санкции. ОБСЕ/ОДИХР извести за зголемен број обвинувања за злоупотреба на државни ресурси за време на Локалните избори во 2013 година, а неуспехот на релевантните институции да ги негираат истите предизвика сериозна загриженост“, стои во извештајот.

 

 

Прочитај повеќе

Каква оценка му даде извештајот на ЕК на судството

27.10.2013 За оценката на ЕК за состојбите во судскиот систем, независноста, селективноста и корупцијата дебатираат поранешната судијка во Европскиот суд во Стразбург, Маргарита Цаца Николовска и адвокатот Филип Медарски.

 

 

Прочитај повеќе

Досие транспарентност: Малку информации и многу државни тајни

23.10.2013 Дури половина од граѓаните кои поставиле прашања од институциите не го добиле својот одговор. А повеќе од половина не ни чуле дека постои закон кој им го дава тоа право. Тајните се се повеќе, од правото на јавноста да знае колку чини рекламирањето на владата до правото да знаат колку луѓе храни државниот апарат. А некои тајни се погорчливи од другите, како онаа кога власта крие какво влијание имаат врз здравјето на луѓето и животната средина некои од фабриките и инвестициите.
 
 

Прочитај повеќе

Досие корупција: Странци пријавуваат поткуп

19.10.2013 Во листата на странци кои пријавувале барање поткуп од македонските службеници е и еден амбасадор од земја на европската унија. Бројот на пријави кои се доставени во Транспарентност Интернешнл Македонија покажува малтретирањето на странските државјани кои влегуваат и поминуваат низ земјава се случува секојдневно.
Државјаните од земјата каде што доаѓам патувале со автобус и поминувале транзит низ Македонија. Сообраќајни инспектори на Министерството за транспорт и врски им побарале транзитна дозвола. Возалот немал таква дозвола, бидејќи истата воопшто и не постои. Сепак, тие одбивале да го пуштат да помине се додека не остави „нешто“.
 

Прочитај повеќе