Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција
10.04.2017 На четвртата седница на Собранието на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, што се одржа на 7 април 2017 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е избран за домаќин на Секретаријатот на Платформата во траење од три години.
ИДСЦС ќе ја замени Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар која до сега ја имаше улогата на Секретаријат на Платформата. Членовите на Собранието му се заблагодарија на АДИ за досегашната успешна работа, и му посакаа ИДСЦС уште подобри резултати.


