Слаѓана Тасева во советот на Интернационалната антикорупциска академија
31.08.2010 Хармонизирано законодавство и обемна законска регулатива ги детерминираат областите во однос на криминализација на корупцијата и финансирањето на политичките партии, но без ефективна имплементација. Ова го констатира Групата на држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа за третиот круг на евалуација за Македонија во извештајот објавен вчера.
31.08.2010 Увидот во начинот на изворите на финансирање на политичките партии покажува дека има нерегуларнсоти во нивниот начин на работа. Непознатите извори од каде им доаѓаат парите, а и начините како ги добиваат сретствата допринесува и натаму корупцијата да вирее. Се сведуваме на тоа партиите да ги пријавуваат потрошените средства. Има исчекор и во подобрувањето на регулативата, но тоа не е
25.08.2010 Владата силно го стегна ременот околу Антикорупциска комисија. Се’ повеќе се зголемува притисокот врз работата на институцијата, која е конституирана за да ја лови корупцијата и да го открива криминалот првенствено во високите ешалони на власта. Кабинетот на Никола Груевски го постигнува тоа на два испробани начина.
Прво, со финансиски удар врз контото на комисионерите и со неизвесноста во исплатата на нивните хонорари. Антикорупциска комисија е оставена буквално без пари. Финансиските средства во ребалансираниот буџет не само што се драстично скратени туку не се предвидени за работењето до крајот на годината.
09.08.2010 Дали Балканот навистина е корупциски рај? Колку ваквата перцепција содржана во извештаите на странските медиуми е реална и каде е Македонија во споредба со земјите од опкружувањето?
Се подмачкува од лулка до гроб. На Балканот корупцијата цвета подобро од кога и да е порано! „Законот на давање и примање“ е општо прифатен во сите слоеви на општеството. Вака неодамна дописникот на германската агенција ДПА ги воведува читателите во својот опширен текст, во кој ги опишува размерите на корупцијата во неколку земји од регионот: од Хрватска и Србија до Романија или Бугарија. За среќа или за несреќа, нашата земја не беше вклучена во анализата и само попатно се споменува на балканската „корупциска мапа“. Домашните познавачи на оваа материја, пак, тврдат дека Македонија не само што не е исклучок туку во некои сегменти дури и стои полошо отколку Србија, Хрватска, Романија или Бугарија.
05.08.2010 Двојно повеќе средства до 2014 може да очекува македонското судство, најави премиерот со образложение дека на тој начин ќе се зголемат ресурсите, кадрите и опремата и ќе се придонесе за независно и ефикасно судство. Тоа дали ефектите од ваквиот потег ќе бидат правопропорционални со одлуката бара многу посериозна анализа, велат експертите, со оглед на долгогодишната позната состојба со македонското судство. Пари секогаш требаат, но на кој начин ќе се издвојуваат и каква политика стои зад тоа во наши услови се чини позначајно.
24.07.2010 Директорите на ВМРО-ДПМНЕ молчат, институциите си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да испита дали има незаконитост во работата на државните агенции, фондови, управи и инспекторати, преку кои нивни функционери и вработени уплаќале членарина во владејачката партија.
Треба да се утврди дали уплатите се вршени од жиро-сметката на институцијата или од личната сметка на функционерите, велат упатените.
19.07.2010 Во рамки на проектот "Подобрување на изборниот систем во Република Македонија", "Транспарентност-Нулта Корупција" ја издаде публикацијата "Финансирање на политички кампањи". Проектот беше поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка. finansiranje_na_politicki_kampanji 780.57 Kb
19.07.2010 Најматен настан во јуни е Владата ќе вработи партиски членови, а најбистар најавеното поднесување на прекршочни пријави од Државната комисија за спречување на корупцијата за 40 функционери кои не доставиле изјави за спречување на судир на интереси, покажа последната анкета Бистро-Матно на новинската агенција Макфакс и невладината Транспарентност нулта корупција.
15.07.2010 Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети, но службениците кои вршат две функции истовремено, не сакаат да се откажат од она што им го нудат функциите, повeќето од нив мудро си молчат.